Чајот приготвен од листови од капини традиционално се користи за третирање на воспаление на грлото, гингивит или чир на устата. Лисјата се богати со витамин Ц и танини и флавоноиди кои можат да се хидролизираат.




Адстрингентните својства на танините помагаат во тонизирање на нежната слузокожа. Поради оваа причина, тоа е исто така корисно за гастроинтестинални воспаленија и дијареја, пишува НМД.мк




КАКО СЕ БЕРАТ ЛИСТОВИТЕ ОД КАПИНА ЗА ЧАЈ

Наберете млади фиданки од капини и нежни листови. Овие сè уште млеади листови имаат помалку боцки и може да се искинат прилично лесно, без потреба од ракавици. Може да ги берете и поголемите листови, но за тоа ќе ви бидат потребни заштитни ракавици.




Наместо само да ги исушиме лисјата, ние треба ги ферментираме. Ферментирањето на листот од капина дава вкус и се вели дека ги подобрува лековитите својства. Искинете ги на поситни парчиња листовите, а може и малку да ги изработите во аван за дополнително да омекнат и малку да испуштат од сокот.




Исто така, може да ги ставите во кеса или помеѓу два листа фолија, па да ги поминете неколкупати со оклагија и ќе го постигнете истиот ефект, пишува НМД.мк. Некои листовите ги поминуваат низ преса на машинка за тегнење на тенки кори за јуфки, но поминувањето со оклагија е доволно и го дава истиот ефект.




Вака обработените листови потребно е да се складираат во голема стаклена тегла, претходно стерилизирана, а потоа треба добро херметички да се затвори. Теглите со листовите од капина ставете ги на некое топло и темно место да отстојат неколку недели. Ако имате дехидратор – уште подобро.




Ставете ги во дехидратор и две недели се доволни за да заврши процесот на ферментација и сушење. Листот ќе потемни и ќе стане црнкаст, и доста че мириса на плодот од капината. Вака подготвените листови се чуваат во херметички затворена кесичка со затворач, на ладно и суво место.




РЕЦЕПТ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЧАЈ ОД КАПИНИ (ОД ФЕРМЕНТИРАН ЛИСТ): Во 200-250 мл зовриена вода додајте една лажичка иситнет лист од капина. Поклопете и оставете да отстои 5-10 минути, па процедете. Чајот е ароматичен и лековит.




Во медицински цели, од плодовите најчесто се прави вино кое е богато со витамини и минерали и е ефикасно при лекување на анемија бидејќи го зголемува нивото на железо во кр-вта. Капината го регулира кр-вниот притисок, ја забрзува циркулацијата, помага при дигестивни проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува апетитот и го забрзува метаболизмот.




Лисјата на капината се природен лек против дијареа, а од нив се прави чај кој помага кај кр-вавење во стомакот и цревно воспаление. Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, за подготовка на колачи, листот на капината може да се искористи за подготовка на чај.




Младите фиданки и листовите на капината во комбинација со коприва, јаглика и шумски јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на кр-вта. Комбинацијата од листови на капина со мед и прополис ги лекува проблемите со желудникот.




Чај од листови од капина против болки во грлото и афти

Листовите од капина искористете ги за подготовка на чај кој ќе ви помогне при болки во грлото и во лекувањето на афти. Можете да го пиете или пак да го употребите за гаргарање доколку често ви се појавуваат афти.

Потребни состојки: 2 супени лажици сушени листови од капина, 250 мл зовриена вода.

Подготовка: Во зовриената вода додајте ги сувите листови од капина и оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете. Чајот се пие трипати на ден, пред секој главен оброк. Оставете го чајот да отстои десетина минути, па процедете го.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.