Потребни состојки:

1 кг сливи

200 г шеќер

4-5 каранфилчиња

½ лимон исечен на тенки парчиња или тркалца

½ лимон исцеден – само сокот

Постапка:

Сливите измијте ги, па оставете да се исушат. Сечете ги на половина и отстранете им ги семките.

Наредете ги во широк сад за печење (најдобро во плехот од рерна), па ставете ги во загреана рерна на најсилна температура, на 250 степени. Печете околу половина час, промешајте лесно и додадете 3-4 парчиња лимон.

Печете уште 10-15 минути, внимавајќи да остане доволно сок а да не биде ретко…Тоа главно зависи од самите сливи и колку се воденикави.

Загрејте стаклени тегли на 110-120 степени во рерна околу 15 минути, па потоа полнете ги. На врв од секоја тегла ставете по парче лимон, од она печеното, секако!

Целата постапка за приготвување погледнете ја во видеото: