Никогаш не се женел и немал деца – еве што му рекол на девојчето кое плачело зошто ја изгубило омилената кукла
Франц Кафка (1883-1924), кој никогаш не се оженил и немал деца, еден ден шетал во паркот во Берлин, каде сретнал девојче кое плачело затоа што ја изгубило омилената кукла. Сакајќи да му помогне на девојчето, зел да ја бара куклата.
Девојчето и Кафка неуспешно го пребарале целиот парк за да ја пронајдат омилената кукла. Кафка тогаш и рекол дека следниот ден ќе дојде повторно и дека повторно ќе ја бараат куклата заедно.
Следниот ден, иако не ја нашле куклата, Кафка на девојчето му дал писмо кое куклата го напишала: „Те молам, не плачи. Отпатував за да го видам светот. Ќе ти пишувам за моите авантури“
Така започнала приказна која продолжила до крајот на животот на Кафка. За време на нивните состаноци, Кафка ги читал внимателно напишаните авантури и приказните на куклата, кои девојчето ги сметало за божествени.
Конечно, Кафка ја донел куклата (ја купил) која се вратила во Берлин. „Тоа воопшто не личи на мојата кукла“, рекло тогаш девојчето. Кафка тогаш и предал уште едно писмо во кое куклата напишала: „Патувањата ме променија“. Девојчето ја прегрнало новата кукла и ја однело дома пресреќна.
Една година подоцна, Кафка п очинал. Многу години подоцна, девојчето кое веќе било претворено во девојка, нашло писмо во куклата. Во малото писменце потпишано од Кафка пишувало: „Сè што сакаш еден ден веројатно ќе биде изгубено, но на крајот љубовта ќе се врати на поинаков начин.“
Сценариото на нашиот живот
Нашите животи се, безусловно и без исклучок, подвижни слики за самата суштина на нашите суштества – нашите верувања, ставови, чувства, лични карактеристики. Животното сценарио се пишува само, тивко, незабележливо, континуирано. За жал, ние обично не сме свесни за тоа.
По некое време, ова сценарио се претвора во филм што го гледаме секој ден. И ние не само што го гледаме, туку и го слушаме, чувствуваме, живееме. Овие пот-ресни слики, проектирани од нашиот ум, ги гледаат и сите кои се поврзани со нас на кој било начин. Никој не е виновен за нас ако нашиот филм е хо-рор, а не приказна со среќен крај.
Нашите животи треба да бидат приказни за нашата душа, а не приказни за некои други луѓе или лошите околности во кои сме се нашле во моментот. Ако сакаме нашето сценарио да биде бајка, или барем убава, весела авантура, нашата задача е да го смениме сценариото. Јас тоа го правам којзнае по кој пат.
Ако нешто не ми се допаѓа, го бришам од главата. Ако сум премногу исплашена да гледам, замижувам. Ако нешто многу ми се допаѓа, ја повторувам сцената во недоглед. Јас отстранувам, преобликувам, менувам. Го вметнувам она што сакам да го видам во филмот од мојот живот и го исфрлам она што воопшто не го сакам.
Вклучете во вашето сценарио сè што е убаво и моќно, мирно и човечко. Отстранете се што е деструктивно и грдо, понижувачки и неморално. Тогаш само почекајте малку. Ќе бидете изненадени каков вид филм ќе режира вашата душа. И нешто друго ќе ве изненади – колку е навистина лесно да ја промените вашата животна приказна. / Бојана Чупиќ / НМД.мк