Кога нема доволно железо, постојано сме уморни, на пример и речиси на сите им е познато дека станува збор за анемија, но ретко кој оди лабораториски да се провери и точно да ја утврди причината за проблемот.
Лекарите постојано апелираат дека редовните анализи се неопходни и задолжителни кога станува збор за превенција и рано откривање на болестите. Само со детална анализа може да се открие што точно му недостига на организмот, пишува НМД.мк
Во изминатите две години поради пандемијата, сите тие прегледи и анализи значително опаднаа, а луѓето најмногу се информираа според интеренет податоци и информациите кои ги пласираа медиумите.
Многумина започнаа суплементација на своја рака, односно земаа дополнителни витамини, минерали и разни други додатоци без консултација на лекар. Кај некои примери ова се покажало како корисно, а кај некои контрапродуктивно.
Сепак, ова не е најдоброто решение, бидејќи освен што непотребно се трошат пари, во некои случаи наместо да се помогне, му се штети на здравјето. За да се спречи тоа, секогаш земајте ја суплементацијата после направени анализи и по препорака на лекар.
Сепак, постојат одредени симптоми според кои моѓе да се идентификува кој витамин или минерал му недостига на вашиот организам и тој да биде знак дека е потребно да побарате помош од стручни лица. Во продолжение прочитајте кои се тие симптоми за одредени витамини и минерали и во кои намирници можете истите да ги пронајдете.
Симптоми на недостаток на витамини и минерали:
Замор. Недостаток: ЖЕЛЕЗО. Други симптоми: Лоша концентрација, слаб апетит, лош квалитет на кожата, темни кругови под очите. Добри извори: црвено месо, јајца, зелен зеленчук, витаминот Ц помага при апсорпцијата на железото, па затоа се препорачува да пиете сок од лимон или портокал заедно со оброкот кој содржи железо.
Чувствителна кожа. Недостаток: ЦИНК. Други симптоми: Бавно заздравување на ра ните, бели дамки на ноктите. Добри извори: јаткасти плодови, семиња, интегрални житарици, сардини и црвено месо.
Проблеми со варењето на храната. Недостаток: витамин Б3. Други симптоми: мускулна слабост, губење на апетит и разни проблеми со кожата. Добри извори: Посно месо, риба и ореви.
Грчеви во рацете и нозете. Недостаток: витамин Б6. Други симптоми: Воспаление на кожата, раздразливост, несоница и ПМС. Добри извори: Кафеав ориз, банани и пченка.
Губење на косата. Недостаток: витамин Б9. Други симптоми: лупење на кожата, губење на апетит, бледило и замор. Добри извори: Бубрези, црн дроб, мешунки, јајца, риби, целер.
Пецкање во рацете и нозете. Недостаток: витамин Б12. Други симптоми: слабеење и б олки во грбот. Добри извори: изнутрици, млечни производи, јајца и риба.
Б олки во грбот и нозете. Недостаток: витамин Д. Други симптоми: Б олки во колкот, отежнато движење, слабост и зголемено потење. Добри извори: Сончање и престој на отворено.
А нксиозност. Недостаток: магнезиум. Други симптоми: Р аздразливост и н ервоза. Добри извори: Спанаќ, бадеми и леб од цели зрна.
Рани во устата. Недостаток: витамин А. Други симптоми: Чести настинки, првут, сува кожа, сува коса, склони кон акни и првут. Добри извори: Црн дроб, јајца, сирење и јогурт.
Конфузија. Недостаток: витамин Б1. Други симптоми: Г адење и чести промени на расположението. Добри извори: ориз, цели зрна и грав.
Честа вртоглавица. Недостаток: Железо. Други симптоми: раздразливост, летаргија, забрзано чукање на срцето и слаба концентрација. Добри извори: црвено месо, пилешко, темно зелен зеленчук и суво овошје.
Недостаток на енергија. Недостаток: магнезиум. Други симптоми: г адење, летаргија, слабост и губење на ориентација. Добри извори: Риба, зелен лиснат зеленчук, минерални води, ореви и цели зрна, пишува НМД.мк