Веројатно некогаш во животот сте се запрашале, дали комарците може да пренесат една ваква болест? Што ќе се случи доколку седите во иста просторија со човек кој е заразен со ХИВ, па еден ист комарец прво го укаса него, па потоа и вас? Дали вирусот ќе се пренесе кај вас? Дали сме во опасност?
Одговорот на ова прашање го дава Џенифер Семпала, имунолог и специјалист за крв.
Да се потсетиме дека комарецот е инсект со тенко и нежно тело на кое се наоѓаат долги пипала и еден пар крилја. Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но целосно е развиено само кај женките, бидејќи само тие се хранат со крв. Мажјаците се хранат со растителни сокови и умираат веднаш по парењето. Женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места, каде ларвите се заразуваат со различни паразити кои подоцна му ги пренесуваат на човекот. Комарците пренесуваат маларија, тропска треска, предизвикуваат воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза.
Еве што вели д-р Семпала на темата дали комарците може да пренесат СИДА:
“Кога комарците ни ја цицаат крвта, заедно со неа ги вшмукуваат и сите содржани вируси, бактерии и други патогени, вклучително и ХИВ. За среќа по луѓето, овој вирус не можат да го шират комарците.
Ова се должи на неколку причини поради кои комарците се неспособни да ја пренесуваат СИДАта.
Како прво, самиот механизам за хранење на комарците не овозможува пренесување, бидејќи тоа не е хиподермична игла за инјектирање на крв. “Иглата” на комарецот со која тој ја цица крвта се состои од шест дела. Четири од нив служат за пробивање на кожата и пронаоѓање на крвен сад. Другите два дела од устениот механизам се состојат од две засебни цевки. Со едната цевка комарецот испраќа своја плунка во домаќинот, а со другата ја вшмукува крвта.
Овие два системи не дозволуваат мешање. Тоа е една од главните причини зошто комарците не се способни да пренесуваат ХИВ. Она што човекот го добива од комарецот кога тој е укасан е – само неговата плунка, а доколку претходно се нацицал со ХИВ позитивна крв – не е во состојба да ја пренесе. Зошто? Бидејќи ХИВ не може да се реплицира во дигестивниот систем на комарецот, односно, потребните рецептори за репликација на ХИВ не се присутни кај овие инсекти. Кај луѓето, ХИВ мора да се поврзе со CD4 Т-клетките и CCR5 или CXCR4 корецепторите за да започне репликацијата.
Вакви клетки и ко-рецептори не постојат во организмот на комарецот. Па така, вирусот нема можност да се реплицира или да мигрира во плунковните жлезди на комарецот. Наместо тоа, ХИВ вирусот се вари во дигестистивниот процес во комарецот, заедно со крвниот оброк. За време на овој процес на варење, ХИВ честичките целосно се уништуваат.
И конечно, комарците цицаат само 0,0005 мл крв по оброк. Во ова количество се содржи многу малку вирус. Заедно со уникатниот механизам за хранење на комарците опишани погоре, потребни се околу десет милиони каснувања од комарец за да се пренесе една единица на ХИВ.”
Стефан П.