Ви се чини дека тоа е најобична, секојдневна работа која жените рутински ја обавуваат, но експертите тврдат дека токму во закопчувањето на брусхалтерот се кријат некои големи карактеристики на карактерот.

Говорот на тело и начинот на кој ги извршуваме некои работи, открива какви сме. Постојат 4 типа на личности кај жените, а ќе ги препознаете ако знаете на кој начин таа го закопчува градникот. Експертите за говор на тело велат дека некои работи кои ги имаме, облеката која ја носиме и едноставните активности говорат за нашата психа и се’ она што е потсвесно и што ние самите не го знаеме.

-Секоја личност има тенденција да прави некои работи на единствен и посебен начин, дури и некои мали секојдневни задачи. Се’ што правиме и начинот на кој тоа го правиме, го формира мислењето за нас. Нема причини зошто облеката не би била дел од тој севкупен впечаток – вели Пати Вуд, експерт за човеково однесување.

4 НАЧИНИ НА ЗАКОПЧУВАЊЕ НА ГРАДНИКОТ

1.ЗАКОПЧУВАЊЕ И ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ГРАДНИКОТ НА ГРБ

Тоа покажува дека жената е добра потпора во животот, склона кон почитување на традицијата и верна и доследна на она што го прави. Промислена е, пријателски расположена и секогаш подготвена да помогне. За нејзе купувањето на градникот е социјален настан, па веројатно ќе бара помош од некоја пријателка при изборот.

2.ЗАКОПЧУВАЊЕ НА ГРАДНИКОТ НАПРЕД ПА СВРТУВАЊЕ

Оваа жена е влијателна и често добра мотивација за другите. Многу е харизматична и сака да учи нови работи, но има склоност да и досадуваат работите многу брзо. Кога станува збор за избор на градник, таа одбира светли бои и детали поради кои ќе се чувствува добро.

3.НОСЕЊЕ НА ГРАДНИК СО КОПЧЕ НАПРЕД, ПОМЕЃУ КОРПИТЕ.

Ова е жена која не сака да го губи своето време. Ја цени делотворноста на работите со висок квалитет кои долго ќе траат бидејќи не сака двапати да купува. Склона е да купува маркирани работи, па така и градници.

4.ЗАКОПЧУВАЊЕ НА ГРАДНИКОТ ВО РАЦЕ ПА НАВЛЕКУВАЊЕ ПРЕКУ ГЛАВА

Таа е опседната со ред и правила. Така го облекува градникот бидејќи сака се’ да прави како што треба од почеток. По природа е склона на анализирање. Градникот не го купува без прецизни мерки и стручни препораки. Најдобро се чувствува во спортски градник.