Постојаните расправии се едни од најчестите проблеми во бракот. Поради постојаните и секојдневни обврски и с трес на кој сме постојано изложени, луѓето се сè повеќе нер-возни, а тоа влијае на општествените односи, па и на бракот.
Природно е луѓето да имаат потреба од припаѓање, врска и нови искуства, а поради тоа и многу врски, не само љубовни, ги трпат последиците. Овие работи можат да се добијат секако доколку со партнерот постојано ја обновувате љубовта, во спротивно таа стра да.
Иако одржување на љубов, нежност и посветеност се чини како лесна обврска, сепак во комбинација со секојдневниот с трес, љубовта и меѓусебните односи трпат. Еве како да ја обновите љубовта во вашиот живот, без да правите голем хаос од тоа.
Според искуството на една жена, не постои формула, ниту правило колку брзо треба да се одвиваат работите, но за момент застанете и размислете пред да ставите етикета на вашата врска.
Важно е да сфатите што навистина сакате. Ова е можност да ги ставите сите карти на масата и немојте да се плашите да се изјасните што навистина сакате и ве прави среќни. Гледајте на вашиот однос како на нова врска: Некогаш сте се забавувале и тоа ве правело среќни, но времето ги менува луѓето.
Запознајте го повторно својот партнер. Разговарајте и дознајте како се чувствува. Зборувајте за новите случки што ви се случиле на работа и да си признаете се што ви лежи на душа. Само така врската ќе остане здрава, а според согласностите од обете страни ќе дознаете дали сте навистина спремни да останете заедно.
Доколку сè уште чувствувате љубов кон вашиот партнер, но во вашата врска владее апатија, започнете да водите искрени разговори. Слушајте ја сопствената интуиција. Се што ви предизвикува незгодност во стомакот или ве гуши, веднаш извадете го од вас.
Многу е веројатно при искрен разговор, да ги споменете старите расправии и проблеми. Потрудете се да не расправате за нив, доколку ништо не може да се смени и се што ви останува е расправијата. Понекогаш сите грешиме, а старите грешки не мора да значи дека не дефинираат во секогашноста.
Разговарајте за довербата. Вие двајца имате минато и доверба која се има сру.шено. Изгубената доверба тешко се враќа, но сепак може да се изгради повторно. Разговарајте отворено и кажете си како се чувствувате. После овој разговор, со сигурност ќе знаете на што сте.
Дополнителни совети: Никогаш не се расправајте со сопругот пред децата. Резултатот што ќе го добиете е само разочарување и непослушност од страна на децата. Најголемата вредност е семејниот мир. Пробајте да си простите меѓусебе и да го кажете она што ви лежи на срце.
Немојте да „средувате“ односи доколку сте нерасположени. Ако немате мир со самите себе, тогаш ќе направите уште поголем хаос. Секогаш бидете склони и учете нови работи. Децата секогаш ќе ви се восхитуваат.
Убаво сервирајте ја храната и декорирајте ја. Со ова дополнително ја искажувате љубовта кон тоа што сте зготвиле за семејството. Почитувањето е главна обврска во семејството. Доколку има почитување, ќе владее и бесконечна љубов во вас.