Неверојатно вкусна пита која се приготвува за само пет минути. Потребно е да набавите смрзнат разновиден зеленчук, да го истурите во огноотпорен сад или плех и да го прелиете со смесата за која подолу ќе го прочитате рецептот.
Се пече половина час и добивате превкусна пита која можете да ја послужите како главен оброк или предјадење. Не можете да погрешите со овој рецепт, задолжително испробајте го.
Потребни состојки: 4 јајца, 250 мл млеко, 125 г брашно, 10 г сол, 3 г црн пипер во прав, 3 г сув магдонос зачин, 5 г оригано зачин, 100 мл масло, 200 г рендан кашкавал, една кеса од 450 г смрзнат мешан зеленчук по ваш избор.
Постапка: во помал огноотпорен сад со димензии 18х18 см (за поголема количина употребете поголем сад), истурете ја содржината од кесичката со смрзнат зеленчук и протресете за да се распореди рамномерно преку целата површина.
Во посебен сад изматете 4 јајца. Не е потребен миксер, доволно е малку да ги изматите со виљушка или жица маталка. Потоа додајте го брашното, црн пипер, сол, па повторно промешајте за да добиете изедначена и мазна смеса без грутчиња.
Во оваа смеса додајте 250 мл млеко и 100 мл масло, зачинете со една лажичка суво оригано и повторно промешајте за да се раствори и изедначи смесата. Прелијте ја рамномерно врз смрзнатиот зеленчук.
Вака приготвеното јадење ставете го во загреана рерна на 180 степени, да се пече околу половина час, додека убаво да се потпече од страните и одозгора. Извадете го плехот и одозгора наросете 200 г рендан кашкавал (гауда или по ваш избор).
Вратете во загреаната рерна да се допече уште 10-тина минути на 180 степени. Потоа јадењето е готово и можете да го извадите. Откако малку ќе подизлади, можете да го сечете како пита и да го послужите. Прочитајте го и вториот бонус рецепт за многу вкусен и брз ручек:
Потребни состојки: половина главица ситно сечкан кромид, 2 лажици масло, 350 г компир, 180 г црвена пиперка, 350 г тиквички, 200 г модар патлиџан, 1/2 црвен домат ако е голем или еден помал, сол, црн пипер по вкус, 1 јајце, 100 г брашно, 60 г рендан пармезан, 200 г моцарела (или кашкавал)
Постапка: на малку загреано масло пропржете ситно исечкан, половина главица кромид, па откако ќе омекне и застакли додајте 350 г компир (претходно излупен и исечкан на ситни коцкички.
Додајте и 180 г ситно исечкана црвена пиперка (исто на коцкички), 350 г свежи тиквички (исто исечкани на ситни коцкички), промешајте и динстајте неколку минути, па додајте ситно исечкани 200 г модар патлиџан и половина голем црвен домат (или еден помал).
Внимателно мешајте и динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне, а потоа целата содржина излејте ја во посебен, подлабок сад. Зачинете со малку сол, црн пипер, додајте едно јајце, 100 г брашно и убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во калап за торти со мобилен обрач (или огноотпорен сад/плех) претходно обложен со хартија за печење. Израмнете ја површината и одозгора наросете 60 г пармезан и наредете 200 г моцарела или некој кашкавал по ваш избор.
Вака приготвеното јадење ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути колку да се запече кашкавалот. Откако малку ќе подизлади, можете да го сечете како торта и да го послужите. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.