Овој рецепт е всушност оброк-салата кој се јаде во период од три дена. Некои го јадат само навечер, наместо вечера, но другите оброци во текот на денот ги регулираат за да има ефект.
Меѓутоа, оние поиздржливите овој оброк го јадат во текот на целиот ден (за појадок, ручек, вечера и ужина) во период од три дена и тогаш, секако има уште поголем ефект.
Трикот всушност е во изборот на намирниците од кои се приготвува оваа витаминска салата и нивната способност да ги прочистуваат сите заостанати отпадоци во цревата и да делуваат како метла, пишува НМД.мк
Ако сметате дека е дојдено време да направите малку пауза и да му помогнете на вашиот организам да се исчисти од мастите и насобраните несварени талози во цревата (кои патем се скаменуваат и се нарекуваат „камен“ во цревата“), тогаш дојдени сте на вистинското место и во продолжение прочитајте го рецептот за оваа витаминска салата.
Овој оброк ако го јадете три дена по ред, ќе направи вистинско ч удо за вашиот стомак, и одвнатре и одвнатре. Делува како четка/метла за чистење, па откако ќе се исчистат цревата ќе исчезне и подуеноста на стомакот.
На тој начин и стомачните киселини ќе можат поправилно да функцуонираат и докрај да ја дигестираат храната. А вие, за три дена ќе изгледате многу поздраво и многу посла-бо!
Потребни состојки: свежа зелка (може и зелена, но потрудете се да набавите црвена зелка), цвекло, моркови, лимонов сок и малку маслиново масло.
Постапка: Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот во однос 3:1:1. Значи на 300 г зелка ставете по 100 г морков и цвекло. Во салатата може да додадете зачински билки во вкус, како магдонос, целер, босилек и слично.
Измешајте добро за да се соединат состојките и наместо оцет, зачинете со лимонов сок (не користете концентрати, туку исцедете свеж сок од лимон). На крај додајте неколку капки маслиново масло (на еден килограм салатадодајте максимално 1,5 лажица маслиново масло).
Многу е важно да не додавате сол во салатата или какви било други додатоци. Оваа салата јадете ја барем три часа пред спиење, наместо вечера, минимум три дена по ред, за да ги забележите резултатите, пишува НМД.мк
Оваа салата ќе го препороди вашето тело поради состојките со кои обилува: витамини, минерали, растителни влакна и пектин, кој ќе ве засити, ќе ви даде енергија, ќе го подобри варењето и ќе ги регулира проблемите со цревата и дигестијата.
Ако ви се допадне оваа салата, слоподно можете да продолжите да ја кон-сумирате и следните денови, но после седум дена направете пауза. Инаку, овој рецепт е тајната за рамен и убаво обликуван стомак на многу манекенки.