Лисјата од смоква се едногодишни, големи, жилави, гру-би и малку влакнести. Цветовите од смоква се разликуваат од другите цвеќиња. Тие се развиваат заедно во месести соцветија и формираат облик на круша. Овошјето е сочно и слатко. Кората на дрвото е кафеаво – сива и мазна.
Денес во ботаниката се познати околу 700 видови смокви. Важно е да знаете дека не треба веднаш да се пие вода по кон-сумирањето на смокви. Смоквата е хранливо стимулирачка храна и како таква секогаш треба да се зема наутро.
Свежите и суви смокви имаат лаксативно дејство. Дури и во античката и народната медицина, тие се сметаат за природен лаксатив. Повремениот запек се третира со компот од суви смокви или сливи, како и комбинација на двете овошја.
Многу е важно да знаете како да го регулирате варењето на храната, со цел да се избегне автоинтоксикација на организмот, односно труе-ње со сопствени отро-ви, поради неколкудневно задржување на столицата.
Сувите смокви имаат лековито дејство врз гастроинтестиналниот тракт првенствено врз работата на желудникот, како важен дигестивен ор.ган и ја апсорбираат вишокот киселина од желудникот, олеснувајќи ги симптомите на гастритис.
Поради своето антисептично дејство, народната медицина користи смокви против воспаление на грлото и белите дробови, и како лек против паразити во цревата. Смоквата се користи и како облога после убо-ди од инсекти.
Чај од смоквин лист против дијабетес
Постапка: 2 лажички суви лисја од смоква прелијте со чаша (200 мл) врела вода. Поклопете и оставете да отстои 10 – 15 минути. Потоа процедете. Секое утро, пијте по една шолја од овој чај со појадок.
Сувите смокви се високо концентриран извор на минерали, витамини и антиоксиданти. Тие имаат повеќе калории отколку свежите – 249 калории на 100 грама. И свежите и сувите смокви содржат значителни количини на витамини од групата Б, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и фолна киселина.
Овие витамини се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите. Б-комплексот е важен за функцијата на мозокот, особено за добро расположение. Сувите смокви се обилен извор на минерали калциум, цинк, калиум, селен, железо и бакар.
Железото и бакарот се потребни за да се создадат црвени кр-вни клетки, додека калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности и помага во регулирање на срцевиот ритам и кр-вниот притисок.
Ви претставуваме уште еден рецепт за смирување на кашлицата и б олката во грлото – потребни ви се само 6 суви смокви. Потребни состојки: 1 филџан смокви, 1 филџан шеќер, 1 – 2 филџани вода.
Постапка: Сувите смокви и шеќерот ставете ги во тенџере, па прелијте ги со вода, но само толку колку да бидат прелиени. Варете ја смесата додека шеќерот целосно да се растопи, а смесата да стане густа како сируп. Извадете ги смоквите а сирупот складирајте го во шишенце.
Употреба: Се пие во голтки во текот на целиот ден. За оние кои не смеат да јадат шеќер – постои уште едно решение. Сварете еден литар вода, па додајте 6 поголеми суви смокви. Варете ги околу 4 минути, па извадете го овошјето.
Добиениот напиток е корисен и здрав, бидејќи е богат со железо, калиум и калциум, како и антибиотски материи кои се создаваат при сушењето, а се ослободуваат при варењето на смоквите.
Употреба: Кога ве боли грло, изладениот напиток пијте го во мали голтки во текот на целиот ден.