Едната од овие намирници ја јадеме речиси секој ден, а другата најмалку двапати неделно. Дури седум литри вишок течност може да се соберат во нашето тело. Со цел да се ослободите од вишокот течности, треба да јадете храна што поттикнува излачување на ток-сини и урина.

Покрај чаевите, особено од пченкарната свила и брезата, како и лимонадата, која е природен диуретик, постојат две неочекувани намирници кои можат да ви помогнат во овој проблем. Речиси е невозможно да се замисли македонската трпеза без кромид и компир, а овие две намирници се од голема помош.

Кромидот ги чисти клетките

Кромидот е еден од најчесто користените диуретици, бидејќи го има во многу јадења, а често се јаде и свеж како салата. Кога некој ст-рада од оток и вишок течности во организмот, се препорачува кон-сумација на храна што содржи повеќе кромид или да се пие чај од кромид.

На исечена главица кромид, со големина на тупаница, додајте половина литар вода, ставете на оган да зоврие и оставете да се вари десет минути, потоа поклопете и изладете, додајте малку лимон и малку мед и пијте го како топол или млак напиток.

Д иета со компири

Еднодневна д иета со компири е позната во медицинската пракса. Се заснова на правилото дека во текот на денот се јадат само варени компири измиксани со млеко, без додавање сол.

Оваа храна предизвикува пообилно мокрење, а телото губи поголема количина сол, што ги олеснува бубрезите и срцето. Тоа им помага и ја подобрува состојбата дури и кај сериозни срцеви пациенти со многу висок кр-вен притисок, дебелина и лошо варење. Д иетата се применува еден ден и може да се повтори послеи седум дена.

Се подготвува од 750 грама компири, варен и испасирани, на кои им се додава половина литар топло млеко. Добиената каша-пире се дели на три дневни оброци. Не смее да се додава сол или масти. Може да се додаде малку кромид и целер, дозволен е несолен двопек, црно кафе и овошје во помали количини.

Д ИЕТА СО ОРИЗ

Оваа д иета ја креирал д-р Валтер Кепнер уште далечната 1939 година. Нејзината по-пуларност не е намалена ниту после 80 години. Д иетата на почетокот била наменета за лица со висок кр-вен притисок, бубрежни б олни и дијабетичари.

Во текот на три дена јадете само интегрален ориз. За тоа ви е потребно една шолја (250 мл) кафеав ориз, по можност без масло и треба да биде добро сварен. Обидете се овој ориз да го поделите во 4-5 оброци во текот на денот.

Може да додадете многу малку сол, еден прстофат, или пак, црвен пипер. Исто така, може да додадете многу малку кокосово масло или путер. Овие масти треба да помогнат во ели-минација на ток-сините кои се растворливи во масти, а се користат и за обнова и регенерација на ткивата.

Само бидете вни-мателни и мастите користете ги умерено, да не го преопте-ретите својот ориз со нив. И како и обично: не заборавајте во текот на ориз-д иетата секојдневно да испиете најмалку 8 часа вода.

После три дена полека вратете се на својата редовна исхрана. Постепено воведувајте нови намирници, што му овозможува на телото да се прилагоди. Нормално е дека ќе ви бидат потребни до два дена за целосно да се вратите на нормална исхрана.

Јадете и натаму интегрален ориз, а додадете и некое јаболко и парче интегрален леб. Вториот ден додадете уште намирници.

Тридневната ориз-диета не само што брзо ќе го ис-чисти вашето тело и ќе го подобри варењето, туку и ќе помогне да осла-бете и до 8 ки-лограми во следните неколку дена по завршувањето на д иетата.

Имајте на ум дека организмот активирал меха-низам за чис-тење, па искористете го и продолжете со избалансирана исхрана.