Фото и рецепт: Милица Михаиловиќ

Потребни состојки:

За фил:

700 мл млеко

2 кесички пудинг од ванила

4 лажици шеќер

50 г путер/маргарин

За кора:

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици брашно

3 лажици масло

Прстофат сол

И уште:

3 банани

150 г шлаг

Постапка:

Одвојте околу 200 мл млеко и промешајте со пудинг и шеќер, а преостанатото млеко загрејте го.

Во добро загреано млеко ставете го разматениот пудинг и мешајте на тивок оган додека да се стегне. Додадете парче путер во варениот пудинг.

Додека се лади филот направете ја кората од наведените состојки. Прво изматете снег од белки во кои сте додале прстофат сол, потоа додадете шеќер и матете додека снегот да стане цврст.

Во тоа додадете ги жолчките, па брашното и маслото.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути.

Изладената кора премачкајте ја со џем од кајсии, па ставете го филот и сечканите банани, па одозгора украсете со шлаг.

Колачот послужете кога добро ќе излади. Погледнете го видео рецептот: