Гриз колач со јаболка и ореви и прелив, се топи во уста. Толку сочен што се топи во уста – Гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со свиленкаст чоколаден прелив.
Рецепт на CooKing рецепти – Сочен гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со прекрасен чоколаден прелив. Мерки на шолја од 250 мл.
Потребни состојки: 2 јајца, ½ – 1 шолја (од 250 мл) шеќер, по вкус, 1 шолја (околу 240 г) гриз, 5 г прашок за печиво или сода бикарбона, 3-4 јаболка (околу 650 г), 1 шолја крупно мелени ореви (околу 150 г), 10 г ванилин шеќер (1 ќесичка), 1 лажичка цимет, 4 лажички какао (7-10 г), ½ шолја масло (125 мл), 1 шолја (250 мл) јогурт.
За прелив: 1 шолја (250 мл) млеко, 100 г чоколадо, ½ шолја шеќер, може и помалку, 50 г путер или маргарин, 3 лажички какао.
Постапка: Оревите сомелете ги и помешајте ги со една шолја гриз. Во сувата мешавина додајте 1 лажичка прашок за печиво и 4 лажички какао во прав. Промешајте за да се изедначат состојките.
Пенасто изматете две јајца со половина или цела шолја шеќер (по ваш вкус), додека да згуснат и побелат. Додека матите со миксерот додајте половина шолја масло, па една шолја јогурт и на крај намалете ја брзината и додадете ги сувите состојки.
Изедначете. Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додајте една лажичка цимет и една ќесичка ванилин шеќер. Јаболката додајте ги во изматената смеса и промешајте за да се соединат.
Калап со средна величина намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса. Ставете да се пече во претходно загрена рерна на 200 степени околу 40 минути.
Проверете со чепкалка кога е готов колачот, па потоа извадете го од рерната. Додека се пече колачот пригответе го преливот, бидејќи се прелива топол на топлата кора.
Подготовка на преливот: Во тенџере ставете 250 мл млеко, 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажички какао и половина шеќер или по вкус. Откако ќе проврие смесата варете ја уште една минута на тивок оган со постојано мешање.
Потоа оставете ја глазурата 2-3 минути да подизлади. Бисквитот избоцкајте го на повеќе места и додека е врел прелијте го со топлиот чоколаден прелив. Почекајте 5 минути па исечете го на коцки.
Оставете да излади и послужете го. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ. /