Никогаш не ги фрлајте листовите од морков, тие се многу лековити. Од листовите од морков (кои наликуваат на листовите од магдонос) може да се подготви чудесен напиток, а освен плодот на морковот, кој е исто така многу лековит, искористете ги и листовите.
Листовите од морков содржат повеќе витамин Ц од коренот и повеќе витамин К од кој бил друг зеленчук. Листовите имаат деток.сикациско дејство на црниот дроб и целото тело.
Богати се со низа од минерали кои позитивно влијаат на целиот метаболизам, како и спречување и развој на ту-морите. Имаат антисептичко дејство и се ефикасни против лошиот здив и забоболка.
Потребни состојки: неколку млади листови од морков, 2 јаболки, 2 чаши вода (од по 200 мл).
Постапка: Едноставно изблендирајте ги листовите, јаболката заедно со водата и веднаш испијте го напитокот. По само 2 дена редовно кон-сумирање ќе се почувствувате полни со енергија.
Доколку имате слаб имунитет, ова е вистинскиот пијалак за вас. Веднаш ќе ви се врати бојата на лицето, а имунитетот ќе зајакне по една седмица. Често јадете го и самиот плод при кон-сумирање на оваа терапија.
II РЕЦЕПТ: Рецепт сок од морков – помага во лекување на р акот и други се-риозни болести
За да добиете здрав сок од морков, потребно ви е да излупите 6-8 моркови и да ги изблендирате во соковник. Сепак, рокот на траење е максимум 24 часа и ќе мора да правите нова тура секој ден. Рецептот е многу едноставен, без додадени адитиви, а од оваа количина ќе добиете поголема количина сок кој може да го распоредите во текот на денот.
Потребни состојки: 1 кг моркови, 200 г шеќер, 4 литри вода, 5 ќесички лимонтус.
Постапка: Излупете ги морковите, измијте ги добро и исечкајте ги на прстени. Ставете ги во сад, прелијте со 2 литри ладна вода и сварете ги на овој начин. Кога морковите ќе омекнат, процедете ги од водата во која сте ги готвеле и изблендирајте ги.
Добиената каша вратете ја во истата вода, додајте го шеќерот, лимонтусот и уште 2 литри вода. Гответе ја содржината уште половина час, мешајќи повремено. Кога сокот малку ќе се подизлади, претурете го во чисти стерилизирани шишиња и завиткајте го во ќебе.
Оставете ги шишињата во ќебе да се изладат преку ноќ, а потоа чувајте го на ладно и темно место. Забелешка: Ако имате проблем со шеќер или внимавате на исхраната, наместо шеќер, во сокот додајте мед или некој друг природен засладувач по ваш избор. Многу е вкусно ако сокот го комбинирате со сок од јаболко, портокал или лимон.
Честопати се случува, луѓето ширум светот да се излечат од рак и да ја стават болеста во регресија, користејќи ја природата и природните лекови. Некои успеле да го сторат тоа со сок од моркови.
Дополнително: Листовите од морков може да ги додавате во супа или други оброци, да ги јадете свежи се уште полековити. Сепак доколку имате потешкотии во јадење на свежи листови, најдобро е да го направите првиот рецепт во смути кој изобилува со многу витамини. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска