Не знам дали може побрзо илки подобро од ова? Колачот не се пече, а готов е за 15 минути…А колку е добар? Знам само јас…зошто целиот го изедов сама ха ха ха. Ова е уште еден рецепт кој го добив од колешка на работа. Верувајте ми, нема да се покаете ако го направите.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 200 мл гриз пченичен, 150 мл шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 јајце, 250 г маргарин или путер, 500 мл слатка павлака, 400 г бисквити
Постапка: измешајте гриз, шеќер, ванилин шеќер и јајце, па сварете го со литар млеко. Постапката е иста како кога варите пудинг: откако ќе зоврие млекото постепено ја додавате смесата со постојано мешање додека да згусне.
Сварениот крем го оставате на страна да се олади целосно. Во изладениот крем додајте пенасто изматениот путер, па соединете го со кремот (додавајте лажица по лажица од кремот во путерот).
Шлагот изматете го посебно. Може да користите каков сакате шлаг по ваш вкус. Во калапот наредете еден ред бисквити. Јас ставив 4 реда. Не мора да ги натопувате во млеко, бидејќи ќе омекнат од кремот.
Врз првиот ред бисквити премачкјате половина од кремот. Потоа ставете половина од шлагот. Па повторно ред бисквити, половина крем, па половина шлаг. Украсете по желба. / Coolinarika.com
Сочен гриз колач со мерки на чаша – нема да се покаете ако го направите БАСБОУСА – Арапски гриз колач
Слатко и сочно како од 1001 ноќ. Едноставен, а многу вкусен колач. Полн вкус на кокос ммммм….Нема кој не го сака овој колач. Доволно е само еднаш да го пробате, а потоа често ќе го правите и ќе ви го бараат. Како мерка се користи една шолја од 250 мл.
Потребни состојки: 1 шолја шеќер, 1 шолја брашно, 1 шолја кокосово брашно, 1 шолја масло (јас користев половина), 1 шолја млеко или јогурт, 1 шолја гриз, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и 3 јајца.
За сируп: 2 шолји шеќер (јас ставив една шолја ама тоа е по вкус, мене ми беше доволно слатко), 1 шолја вода и 2 лажици сок од лимон, портокал или ружина водичка.
Постапка: Изматете ги јајцата со шеќер и додајте ги останатите состојки. Мешајте додека да добиете изедначена смеса. Истурете ја во плех обложен со хартија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Во меѓувреме сварете сируп од шеќер и вода, додека да зоврие, па потоа додајте сок од лимон и гответе уште околу 1-2 минути. Врелиот колач прелијте го со топлиот сирупот и оставете добро да впие и да се излади, па потоа сечете на коцки.
Во некои рецепти може да се сретне дека пред печење се редат цели бадеми врз колачот. Се служи со кафе Бахарат, ориентален рецепт за кафе ароматизирано со каранфилче, цимет, кардамом и мускатно оревче. / Сoolinarika.com