Потребни состојки: 50 цветчиња невен, 100 г рузмарин, 100 г кантарион, 100 г мајчина душичка, 100 г семе од коприва, 1 литар појака ракија. Доколку користите суви билки, можете да ја намалите количината за третина или половина. Истите можете да ги купите од Билна аптека.
Постапка: сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла. Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати.
Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише. Како треба да се употребува тунктурата: Употреба: се зема по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.
Дејство: тинктурата oвозможува подобра снабденост на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на кр-вта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува можноста за создавање на тромб,
Потоа, делува на отпорноста и еластичноста на кр-вните садови, ја намалува нивната пропустливост, ги отстранува б олките во нозете, ги намалува отоците, чувството на трнење…
Исто така го намалува и нивото на триглицериди и холестерол во кр-вта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.
КАПКИ ЗА ЦИРКУЛАЦИЈА – Потребни состојки: 1 литар домашна комова ракија, 50 г лист од коприва сува билка, 50 г ива трева – Teucrium montanum, 50 г кантарион
Постапка: во поголема тегла ставете литар домашна квалитетна ракија, па промешајте ја со сувите билки. Затворете добро најдобро со метален капак и чувајте 21 ден на суво и ладно место.
Процедете и складирајте во чисто стаклено шише, по можност да биде затворено со плутена тапа. Употреба: 20 капки наутро и навечер, без вода! После 15-20 минути ништо да не се консумира.
РЕЦЕПТОТ НА ДЕДО МИ КОЈ МНОГУ МУ ПОМОГНА
„Пред приближно две години дедо ми го носевме барем 2-3 пати седмично со Брза помош поради многу висок притисок. Исто така, дедо ми има и тромбоза. Еден ден чекајќи по ходниците, некоја жена му го дала овој рецепт и му рекла дека оваа тинктура служи за гореспоменатите проблеми.
Правејќи си муабет, таа му рекла: „Тоа ти е нешто како домашен Bендоксин“. Ама дедо ми кога го запишал лекот лапнал една буква „Н“ и го нарекол Bедоксин, па и ние така си го завикавме. После испиениот прв литар, навистина како што му рекла жената, му престанаа проблемите со притисокот.
Оттогаш па до денес, фала му на Бога, нема проблем со притисокот. А како што самиот вели и циркулацијата му била многу подобра. Тинктурата ја пие еднаш наутро, зошто навечер ги пие другите лекови. Ова е неговото искуство.
Потребни состојки: 50 г сув лист од коприва, 50 г сува билка Ива (Teucrium montanum), 50 г сув кантарион, 50 г сув невен, 1 литар лозова ракија (или некоја друга квалитетна)
ПОСТАПКА: многу едноставно, измешајте ги сите билки во една стаклена тегла или шише, па прелијте ги со ракијата. Најдобро е ова да го направите во некоја поголема тегла, за да ви собере сè убаво. Потоа затворете ја теглата и оставете да отстои 30 дена.
За тоа време билките доста ќе впијат од течноста, па затоа мора многу добро да ги исцедите и притиснете. Бидејќи она што е во билките, тоа е најквалитетното. За цедење користете газа, но внимавајте да не ви се скине, па затоа користете повеќеслојна.
Тоа всушност е најтеш.ката работа околу приготвувањето на оваа тинктура. Добиената течност складирајте ја во стаклено шише и чувајте на ладно и темно место. Употреба: се пие еднаш дневно, наутро, пред јадење по една супена лажица, или трипати дневно пред јадење, по една мала лажичка.
НАПОМЕНА: Текстот не е замена за медицински совет и лек. Пред употреба задолжително советувајте се со вашиот лекар.