Честата употреба на вештачката прихрана врз растенијата може негативно да влијае на нивниот раст и развој, па затоа им е потребна промена во начинот на грижа и исхрана.
Ако растенијата се наоѓаат во несоодветни услови кои не им се погодни за раст, тоа ќе ни го покажуваат со промена во листовите, забавениот раст, цветовите потешко или воопшто нема да се формираат или пак многу брзо ќе овенуваат и ќе има и слаб развој на коренскиот систем.
Ова се првите знаци дека растението ни испраќа сигнали дека има потреба од наша помош. За да се избегне пробаѓање на билката, потребно е да ги прихрануваме во одредени периоди.
Станува збор за раствор кој може да биде од природно или вештачко потекло и кој содржи голем број на елементи што им се потребни на растенијата.
Природните состојки кои имаат позитивен ефект врз растенијата и околината, и од кои се приготвува природна еколошка прихрана, лесно се приготвуваат и достапни се за секого.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ПРИХРАНУВАЊЕТО СО КВАСЕЦ
Прихранувањето на растенија со квасец влијае позитивно врз нивната убавина. Квасецот содржи бактерии кои не само што имаат моќ да им дадат префинет вкус на слатките и печивата, туку имаат и поволно влијание врз растот и развојот на растенијата.
Квасецот содржи фитохормони и ауксини (растителни хормони за раст и развој) и витамини од групата Б. Квасецот има моќ да бубри, односно да ги множи клетките и на тој начин овозможува тестото да расте.
Истата состојба е и со растенијата. Квасецот го стимулира развојот на клетките и растот на растенијата. Хормоните содржани во квасецот делуваат на голем број микроорганизми во почвата и ја стимулираат нивната работа, а витаминот Б влијае на лисјата да бидат побујни, да станат позелени, а краевите да не се исушат.
Целото растение е повитално и посилно. За да се постигне ова, се прихранува два до трипати месечно. Се препорачува секоја недела во летните месеци, и двапати месечно во текот на зимата.
Важно е временскиот интервал помеѓу двете прихрани да биде ист, затоа што тогаш растенијата се навикнуваат на тоа и можат сами да утврдат кога и колку можат да кон.сумираат хранливи материи до следната прихрана.
Потребни состојки: едно мало пакување од 50 г квасец, 5 лажички шеќер и 5 литри млака вода. (1 лажичка шеќер и 1 литар вода се користат за 10 г квасец). Измешајте го сето тоа и оставете го да одмори два до три часа.
Потоа повторно промешајте и растворот е подготвен за наводнување.