I РЕЦЕПТ: Пита пастрмајлија за ручек – превкусна! Излегуваат две големи пити од плехот во рерна. Фото и рецепт: Даница Данче Стојева. Рецептот на Данче Стојева во групата НМД рецепти.
Потребни состојки: 400 г брашно, 1 лажичка сол, ½ свеж квасец активиран, малку масло, 200 мл млака вода, 2 стека маринирани во млеко и масло, зачинети со сув зачин, црн пипер и малку црвен пипер.
Фото и рецепт: Даница Данче Стојева
Постапка: Најпрво се активира квасецот. Се раствора во малку млака вода со лажичка шеќер и малку брашно, се меша смесата да се изедначи и се остава 10 минути на топло да запени.
Потоа со останатите состојки се замесува меко и лепливо тесто. Се остава да стаса половина час. Потоа на добро набрашнета работна површина тестото се формира во вид на валјак, како лепче, па се сече надолжно да се добијат два дела.
Со набрашнети раце се формираат питите кои се префрлаат во набрашнет плех. Се редат со мали парчиња месо. Јас ставив стек кој го маринирав од претходната вечер, по еден стек за секоја пита.
Фото и рецепт: Даница Данче Стојева
Врз вака формираните пити се ставаат парченца маст или маргарин и се печат 10 минути во претходно загреана рерна на највисока температура. Пред крајот се наросуваат со рендан кашкавал и се враќаат колку тој да се растопи.
Штом се извадат питите од рерна, краевите им се премачкуваат со маст или маргарин, па се покриваат со најлон ќеса за да омекнат. Меки се како душа и после 10 минути може да се јадат. Фото и рецепт: Даница Данче Стојева.
Фото и рецепт: Даница Данче Стојева
II РЕЦЕПТ: Најдобрата македонска “пица” – пастрмајлија, нема да ве остави рамнодушни, има фантастичен вкус. Рецепт на Том Филос. Во Македонија најпознати се штипската и велешката пастрмајлија, но овој македонски специјалитет се приготвува насекаде, во најразлични варијанти и комбинации.
Оригинално се прави со суво овчо месо, па оттаму и името “пастрмајлија”, меѓутоа истата пита може да се приготви и со свинско или пилешко месо, по вкус. Пастрмајлијата приготвена според рецептот на Том Филос нема да ве остави рамнодушни.
Потребни состојки: 700 г брашно, 1 лажичка шеќер, 10 г сув квасец (1 ќесичка), 1 лажичка сол, 380 мл млака вода, малку масло за премачкување на тестото. За фил: сечкана пастрма и свински врат, по 1 изматено јајце за секоја пастрмајлија (вкупно 3).
Постапка: Во поголем сад ставете 700 г брашно, додајте 1 лажичка шеќер, 1 ќесичка сув квасец (10 г), 1 лажичка сол, па промешајте. Во брашното додајте 380 мл млака вода и замесете со помош на миксер со продолжетоци за тесто или рачно.
Добиеното меко и еластично тесто кое не се лепи, малку намастете го, покријте го со проѕирна фолија и оставете го во намастен сад да стаса околу 60 минути на собна температура.
Тестото истресете го на набрашнета површина, премесете го и поделете го на три делови. Од секој дел формирајте топче, а потоа валјак. Вака формираните теста редете ги врз набрашнета површина, покријте ги со памучна крпа и оставете ги да стасаат уште половина час.
Потоа малку набрашнете ги и со помош на прстите формирајте прстен на краевите, питата да добие форма на чамец. Редете ги во плех обложен со хартија. Во внатрешноста на питите наредете ситно сечена пастрма (обескостено, суво овчо месо) и парчиња свински врат. Одозгора секоја пастрмајлија прелијте ја со по едно изматено јајце.
Вака приготвените пити-пастрмајлии ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 250 степени, околу 15 минути. Печените пити веднаш додека се топли премачкајте ги со малку масло и покријте ги со крпа неколку минути додека да подизладат. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.