Денес ќе приготвиме еден многу интересен рецепт, а станува збор за одлична, а пред сè идеална замена за појадок од суви сливи (точно 50 г), приближно 3 чајни лажички ленено семе и една чаша вода (200 мл).
Доколку практикувате да си го правите овој појадок во подолг временски период не само што ќе ослабете и не само што ќе го забрзате вашиот метаболизам, туку исто така, ќе направите и одлична превенција од рак на дебело црево.
Потребно е сите состојки да ги ставите во блендер и да ги измиксате добро. Потоа смесата треба да ја оставите да отстои од 5 до 10 минути, а потоа треба да се изеде. Сувите сливи можете и ситно да ги исечкате, а семето посебно да го сомелете, па потоа да ги помешате заедно (но, овој рецепт ви е поедноставен).
Во првите неколку денови не треба да се грижите доколку овој појадок започне да ви приредува некои чудни појави во вашиот стомак, но со текот на времето сите тие промени ќе исчезнат.
За кратко време функцијата на цревата ќе се врати и тие ќе профункционираат како никогаш досега. Не само што ќе ги исчистите вашите црева од заостанати парчиња екскремент, туку и вашата столица ќе стане редовна.
Редовното исфрлање на отпадот од телото е најдобрата превенција од рак на дебело црево. Сите токcини ќе се исфлаат и едноставно ќе се зачудите што сè може да постигне овој рецепт за две седмици, секако доколку бидете упорни и доколку редовно го консумирате.
ПОСТАПКА: Лененото семе заедно со сувите сливи потопете ги вода (приближно една чаша) и оставете 5-10 минути се хидрираат, пред да ја ставите смесата во блендер. Ова семе содржи природна слуз која со киснењето во вода го испушта.
Токму оваа слуз одлично ги подмачкува цревата и го олеснува лизгањето и исфрлањето на екскрементот. Откако малку ќе набубри, целата содржина префрлете ја во блендер и вклучете на најголемата брзина.
Миксајте додека состојките да се сомелат и да добиете компактна, изедначена смеса. Додека блендате на почетокот ќе забележите дека смесата е слузава и пенлива, но на крај ќе прими облик на некој убав џем, ќе видите и сами кога ќе го приготвите.
За неколку минути овој „џем“ за појадок е готов. Не го мачкате на лепче, ниту на палачинка, туку треба да го изедете каков што е. После тоа не треба да јадете ништо неколку часа, а во меѓувреме треба да пиете доста вода или чаеви.
За ручек може да имате некој добар протеински оброк, како што е варено бело месо, многу зеленчук, а овошје помеѓу оброците (овошјето не треба да се меша со друга храна и се јаде исклучиво на празен желудник).
Овој појадок воедно може да биде и одличен детокс и прочистување на организмот, доколку долго време не сте спровеле вакво или слично чистење. Оваа смеса можеби на прв поглед нема да ви види нешто посебно привлечна.
Но, верувајте дека е толку вкусна и толку лековита, па кога ќе се навикнете првите недела дена до десет дена, ова ќе ви стане ваш редовен појадок, бидејќи ќе ви ја дава потребната енергија, а цревата и целиот организам ќе функционираат перфектно.
Ќе се изненадите колку метаболизмот ќе ви се забрза, но и општо ќе се чувствувате повитални и поенергични, па толку ќе ја засакате оваа мешавина што нема да можете да си го замислите почетокот на денот без неа.