Ако имате проблем со чести респираторни инфекции, астма, бронхитис или пневмонија, облогите од зелка и мед дефинитивно ќе ви помогнат во лекувањето. Ова е стар природен рецепт кој го користеле и нашите баби.

Иако не може да го замени третманот со пропишаната терапија со лекови, тоа ќе помогне во ублажување на симптомите на сува кашлица и б олка, а ќе помогне во забрзување на закрепнувањето. Оваа облога од зелка ќе ја олесни иритирачката сува кашлица и ќе помогне во исфрлањето на слузта.

Потребни состојки: 2 големи свежи листови од зелка, малку мед, врела вода, пластична кеса (тесна памучна маичка), крпа или шал.

Постапка: одвојте два-три листови од надворешната страна на зелена зелка, доволно големи за да го покријат градниот кош (и назад на грбот ако кашлицата е навистина силна).

Прелијте ги листовите со зовриена вода и оставете ги неколку минути колку да омекнат и да се згреат. Извадете ги листовите, исцедете (оставете ги малку да се потсушат), па намачкајте ги со мед.

Ставете ги на г ола кожа однапред и одназад на грбот во пределот на белите дробови, покријте ги или завиткајте ги со пластична кеса (или пластична фолија) или уште подобро, облечете тесна маичка, а потоа повторно завиткајте се во крпа или шал за да ви биде топло телото.

Најдобро е да ја ставите облогата пред спиење и да ја чувате до утрото. Извадете ги листовите зелка од г радите и исчистете ја кожата. Повторете го овој третман со свежи листови и мед, три до седум ноќи по ред, во зависност од тежината на кашлицата.

Совет: покрај овие облоги, за да се ослободите од слузта од белите дробови, потребно е да се пие многу вода, но и да се јаде имуностимулирачка храна како лук, кромид, ѓумбир, аспарагус, лиснат зеленчук (зелка, карфиол, брокула, ротквица, кељ, спанаќ, блитва, цвекло, рукола), куркума.

Избегнувајте храна како слатки, пржена храна, тестенини, конзервирана храна, ал-кохол или храна што предизвикува воспаление и го отежнува закрепнувањето.

Сок од зелка за белите дробови

Освен како облога, зелката може да се исцеди и да се пие како сок. Многу е важно зелката да биде свежа, сочна и одгледувана на органски начин, односно да не е третирана со пестициди и да расте на еколошки чиста почва.

Овој пијалак може да има корисен ефект врз респираторниот тракт. Свежо цеден сок од зелка исто така, е с пас за секој што ст-рада и од гастритис. Исто така се препорачува за луѓе кои имаат проблем со варење и бавен метаболизам.

Потребни состојки: една главица зелка.

Подготовка: Измијте ја зелката добро, што ќе ја користите за подготовката на сок. Исечкајте ја зелката на парчиња и ставете ја во соковник. Блендирајте сè додека да добиете густ сок. Можете исто така да го комбинирате сокот од зелка со друг зеленчук. Доколку сокот е густ, разредете го со вода по желба.

pixabay.com