Рецепт и видео презентација на Емилина Кујна – Гужвана пита со сирење во ролат. Постојат многу начини за редење на питата со сирење од готови кори. Еве уште еден начин кој толку е едноставен, брз и многу интересен, што отсега само вака ќе ја приготвувате вашата омилена пита.
Потребни состојки: 500 г готови кори за пита, 500 г кравјо сирење, 4 јајца, 50 мл масло, 100 мл јогурт, 100 мл газирана вода, половина кесичка прашок за печиво (6 г).
Постапка: Ова пакување од половина килограм кори содржи вкуспно дваесет еднакви парчиња, ни премногу тенки, ни премногу дебели кори. Добив вкуспно пет ролати со по четири кори. Вие прилагодете го бројот на ролатите според бројот на корите во вашето пакување.
Во подлабок сад за матење скршете четири јајца и пенасто изматете го со помош на жица-маталка. Потоа додадете половина килограм ситно кравјо сирење, 50 мл масло, 100 мл јогурт, 100 г газирана минерална вода и половина кесичка прашок за печиво (6 г).
Добро соединете ги состојките за да добиете изедначена смеса. Потоа отворете ги корите и пребројте ги, па поделете ги на купчиња со по 4 кори за еден ролат. Отворете една кора и рамномерно филувајте ја со неколку лажици од приготвениот фил.
Потоа земете една кора и грубо изгужвајте ја меѓу рацете, да добиете еден вид на топка – како расцветана ружа. Навистина не треба да се грижите за обликот на “топката” од кора, само нека биде воздушеста. Ставете ја на едниот агол од филуваната кора.
Земете втора кора и на истиот начин згужвајте ја, па поставете ја до првата „топка” од гужвана кора. Продолжете ја постапката и со третата кора за да го покриете целиот ред од базната кора. Одозгора рамномерно нанесете по малку од филот, врз секоја од гужваните „топки”.
А потоа внимателно започнете го виткањето на кората во голем дебел ролат. вака приготвениот ролат ставете го во плехот од рерна претходно добро намастен со масло, маст или путер. Постапката продолжете ја и со останатите кори додека да го исполните плехот.
Одозгора премачкајте ги со преостанатиот фил. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Кога е печена, извадете ја и по неколку минути можете да ја послужите. Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Најбрзата гужвана пита со јајца и урда – 10 минути подготовка и после печи и јади
Рецептот за оваа вкусна, едноставна гужвана пита ни го претстави нашата драга членка, почитуваната Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Рецептот навистина е многу едноставен и брзо се приготвува, а резултатот – прсти да излижеш! Фото и рецепт: Габриела Миленкоска
Потребни состојки: 500 г готови кори за пита, 5 јајца, 250 г сирење или урда, 200 мл млеко, 200 мл минерална вода, 200 мл масло и 1 прашок за печење
Постапка: рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева додека вие ја приготвувате питата (бурек-гибаница). Тепсијата за бурек обложете ја со хартија за печење и намастете ја. Во еден сад изматете ги јајцата, додадете прашок за печиво и една чаша минерална вода (или јогурт).
Потоа додајте едно мало калапче сирење околу 250 грама (или урда), па издробете го во јајцата и промешајте. На крај додајте го млекото, но постепено, за да не ви дојде многу течна смесата. Додајте го маслото и промешајте да добиете течност со густина како за палачинки.
Во тепсијата ставете една кора и испрскајте ја со масло. Потоа земете друга кора и гужвано натопете ја во смесата со јајца и сирење, па така растесено и згужвана ставете во еден агол од тепсијата. Но неа ставете уште една кора, натопена на ист начин, и уште две или три кори додека да се исполни целата тепсија.
Кога ќе се исполни еден ред гужвани кори, малку испрскајте ги со масло одозгора. На ист начин се редат уште 2-3 реда по 4-5 кори. Се завршува со последна кора со која се завиткува целата гибаница а крајчињата се потпикуваат внатре во тепсијата. Одозгора се попрскува со остатокот од преливот и се наросува со сусам по желба.
Се пече околу 40-тина минути на 180 степени или додека да зарумени. / Фотографија и рецепт на Габриела Миленкоска