Конечно дојде топлото време и сите убавини кои ги носи со себе. Температурите полека започнаа да растат а прозорците се постојано отворени обезбедувајќи секогаш свеж воздух. Меѓутоа, самошто пристигна сезоната на „отворени прозорци“, заедно со сите бенефити, исто така, пристигнаа и „маните“, односно напливот од досадните инсекти.

Дури и кога прозорците се затворени, се чини дека овие мали суштества (особено досадните муви и комарци) секојпат наоѓаат некои пукнатини низ кои се протнуваат и прават мала инвазија во вашиот дом.

Секако, најдоброто решение е вградување на прозори и врати кои добро дихтуваат и низ кои не можат да се протнат досадните бубачки, додека поевтина варијанта претставува комарникот кој можете да го поставите на прозорот или вратата.

За сите кои имаат тераса, можеби најпрактична опција е да се направи рамка на вратата на која ќе се постави комарникот на шини или со механизам. Комарникот за балконската врата при отворање се бутка кон надвор, а потоа самиот, со помош на федер се враќа во првобитната положба.

Мрежата на вратата за комарник се изработува од фиберглас, а комарниците за врата се произведуваат како ПВЦ комарник за врата и алуминиумски комарник за врата. Достапни се и комарници за влезна врата кои се изработуваат по мерка, а кои се прицврстуваат за оквирот на вратата.

Комарниците за влезната врата може да се монтираат на сите типови врати без разлика на видот на столаријата. Најчесто се советува, со ПВЦ вратата да се вгради и ПВЦ комарник кој идеално се вклопува како целина.

Ова решение секако е најдоброто со кој ќе го решите проблемот за подолго време и навистина, секој кој има можност би требало сериозно да размисли, бидејќи секоја година се појавуваат нови болести кои најлесно се пренесуваат преку инсектите.

Меѓутоа, доколку не сте во можност, постои еден брз и едноставен метод кој ќе ви помогне да ги одбегнете натрапниците. Со помош на малку оцет можете да ги одбиете инсектите да стојат подалеку од вашата куќа или автомобил, а воедно ќе ги светнете прозорите, бидејќи оцетот совршено ја чисти нечистотијата.

Измешајте 150 мл вода и 150 мл оцет во шише со распрскувач, протресете добро за да се измешаат течностите правилно. Оваа смеса користете ја за прскање на рамките од прозорите, одвнатре и однадвор.

Комарците и останатите инсекти не го сакаат мирисот на оцет и проверено ќе останат на растојание. Овој трик можете да го употребите и за вашиот автомобил. Испрскајте ги сите прозори и испрскајте по малку и околу нивните рамки.

Тоа би требало да ви обезбеди мирно возење, а оваа смеса ќе ги држи подалеку и комарците и другите ситни инсекти (особено пајаците не го поднесуваат).

Од тие причини, можеби најпаметно е со оваа смеса да ги испрскате сите места каде што се сомневате дека има најмногу инсекти или каде не би сакале да ги видите. Може дури да прскате и внатре во аглите од плакарите.

Иако оцетот има силен мирис, не грижете се, вашата спална или дневна соба нема да мирисаат на него. Што ќе се исуши вие повеќе нема да го чувствувате, но затоа ќе го чувствуваат инсектите.