Овој начин на исхрана не содржи речиси воопшто јаглехидрати, а токму тоа е една од причините зошто е толку делотворна. Ако имате вишок од кој сакате да се ослободите, тогаш запишете си го ова мени кои ви нуди план за исхрана за следните 14 дена.
Гарантирано секому му успева доколку се придржува до правилата на оваа ди-ета.
Исхраната се базира на варени јајца и дозволени се мел број на производи, па затоа, не е лошо да се снабдите со производи од органски производител.
На тој начин дополнително ќе внесете здрави и корисни намирници со кои ќе го забрзате метаболизмот и ќе ги сого-рите масните наслаги. Органските, домашни јајца се секогаш подобар избор, отколку индустриските јајца од кокошки хранети со концетрати.
Д иетата трае 14 дена и доколку ст-рого се придржувате до правилата, изгубените к илограми нема да ви се вратат како што тоа вообичаено се случува. За водата и чаевите нема строго ограничување, но за сте друга храна треба да се придржувате според дадените количини.
Заедно со пропишаното мени потребно е пиете многу вода, бидејќи со внес на многу течности ќе поттикнете исфрлање на непотребни метаболни продукти и ток-сини, а се препорачува вежбање, односно физичка активност во текот на половина час дневно.
Може едноставно брзо да пешачите, да возите велосипед, да работите во градината, да спроведете некои кардио вежби од познатите фитнесе тренери на јутјуб, или да спроведете било каква физичка активност која ќе ви го забрза пулсот.
Бидете сигурни да ги следите овие три правила:
Не смеете да јадете брза храна – Заб.ранети се ал-кохоли и засладени пијалаци – Намалете го внесувањето сол и шеќер на минимум
Мени за првата недела
Појадокот е ист секој ден: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, грејпфрут или цела мандарина, по ваш избор)
ПОНЕДЕЛНИК. Ручек: 2 мали варени компири и 2 јаболка. Вечера: Голем дел од салата и парче пилешко. ВТОРНИК. Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата. Вечера: Салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца
СРЕДА. Ручек: сирење со малку маснотии, 1 домат и 1 сладок компир (батат). Вечера: Салата по ваш избор и парче пилешко. ЧЕТВРТОК. Ручек: Овошје по ваш избор. Вечера: Салата и пилешко месо варени на пари
ПЕТОК. Ручек: варен зеленчук и 2 јајца. Вечера: Салата и пушена риба. САБОТА. Ручек: Овошје по ваш избор. Вечера: Парен пилешко и зеленчук. НЕДЕЛА. Ручек: Салата од домати, зеленчук на пареа и пилешко. Вечера: зеленчук сварен на пареа.
Мени за втора недела
Појадокот е ист како и првата недела: 2 варени јајца и половина цитрус (портокали, грејпфрут или цела мандарина)
ПОНЕДЕЛНИК. Ручек: Салата и пилешко. Вечера: Портокал, салата и две варени јајца. ВТОРНИК. Ручек: 2 варени јајца и зеленчук на пареа. Вечера: Салата и риба на скара. СРЕДА. Ручек: Салата и пилешко. Вечера: Портокал, салата и две варени јајца
ЧЕТВРТОК. Ручек: Парен зеленчук, малку сирење со малку маснотии и 2 варени јајца. Вечера: Салата и пилешко. ПЕТОК. Ручек: салата од сардина. Вечера: Салата и 2 варени јајца. САБОТА. Ручек: Салата и пилешко. Вечера: Овошје по ваш избор
НЕДЕЛА. Ручек: варен зеленчук и парче пилешко. Вечера: Исто така зеленчук на пареа и парче пилешко. Оваа диета речиси и не содржи јаглехидрати, и тоа е една од причините зошто секому треба да успее, пишува Brightside.me.
За секој случај, пред да ја примените оваа диета, кон.султирајте се со вашиот лекар, бидејќи дури и ако не сте гладни од оваа диета, тоа е радикална промена што може да влијае на вашето здравје.