Ендокринологот објасни како се појавува апендицитис (воспаление на слепо црево) и зошто е толку тешко да се дијагностицира. Ма.чнина и силна б олка на десната страна од стомакот што не се престанува.
Кога ќе го почувствуваме тоа, веднаш помислуваме на воспаление на слепото црево. Дали помага советот на нашите баби дека треба силно да го удриме подот со десната нога и тогаш б олката ќе покаже за што станува збор?
Ендокринологот д-р Воисалав Перишиќ зборуваше за тоа како можеме да препознаеме дека станува збор за воспаление на слепо црево, дали и како помага стариот совет на нашите баби, и која храна односно намирници доведуваат до вакво воспаление, во гостувањето во утринската програма на ТВ Прва.
„Тоа е точно, треба силно да го удрите подот со десната нога. Слепото црево лежи на мускул и кога ќе се воспали прави силна ири.тација на тој мускул. Со активирање на истиот тој мускул, ќе заб-оли уште повеќе. Тоа е добар совет, индиректен индикатор е дека постои воспаление на слепото црево“.
Д-р Перишиќ објасни и како овој проблем се манифестира различно, па затоа не е лесно да се дијагностицира веднаш.
„Кога има б олка од десната страна надолу кај деца на возраст од пет до седум години, можно е да се работи за воспаление на слепото црево. Слепото црево е долго како тенија и оди под црниот дроб.
Потоа, б оли под црниот дроб, а не б оли долу. Или пак, б олката мигрира кон левата страна па доаѓа до завршната страна на дебелото црево”, посочува тој и додава дека правилото е, дека во сите случаи кога постои основано сомневање за постоење на апендицитис, се прави ултразвук за да се знае со сигурност.
Кои се главните симптоми кои укажуваат на тоа дека слепото црево е заг.розено?
„Кога слепото црево е воспалено, б олката прво оди од левата страна надолу, потоа мигрира, а потоа б оли желудникот. Па потоа се преместува на десната страна. Тоа е „шетачка“ б олка и затоа треба да се испита целиот стомак. Каде постои најб.олна реакција, така и се одлучува”, напоменува и додава:
„Слепото црево е резервоар на пробиотички бактерии во нашиот дигестивен систем. Кога земаме антибиотици и притоа си ја уништуваме цревната флора, тие остануваат во сладирани во слепото црево и практично тоа е во постојана опас.ност од воспаление.
Ако јадеме храна со малку целулоза, тогаш го полниме слепото црево со копролити, стврднати грутчиња од остатови несварена храна и тогаш доаѓа до затнување на слепото црево.“
Која е храната што не треба, а која храна треба да се јаде?
„Малини, капини, зелка, целер, ова се намирници кои се препорачуваат. А не треба да јадете храна што нема целулоза – месо, сирење, млеко … Таа не создава столица, односно предизвикува запек.
Ако јадете често ваква храна, тогаш доаѓа до мрзлив проток на храната низ цревата. Слепото црево се наоѓа на стратешка точка помеѓу тенкото и дебелото црево.
Ако протокот е бавен поради многу густа храна, може да дојде до исполнување на слепото црево кое не може да се ослободи од тој материјал и тогаш доаѓа до воспаление“, објасни тој, додавајќи дека секој може да добие воспаление во зависност од храната и начинот на живот.