Еден од најубавите ползавци познат под името „орлови нокти“, „козја к-рв“ или ботанички лоницера, често може да се сретне во голем број дворови. Најмногу го сакаме поради слаткастиот мирис кој потсетува на јасмин, но магепсуваат и неговите нежни цветови во розова, пурпурна или крем боја.

Лоницерата расте бујно и затоа е потребно да и се даде соодветна потпора. Убаво ќе напредува ако ја насадите покрај неког ѕид, ограда или дури и некое старо дрво кое сте го поткастриле на соодветна висина.

Едно старо верување вели дека оваа билка има магиски моќи. нејзините нежни, но многу густи гранчиња симболизираат моќ за привлекување, па се смета дека го зацврстува бракот и ја засилува страс.та помеѓу сопружниците.

Ако дамата сака да му биде уште поубава на својот драг избраник, треба да го протрие мирисниот цвет на „орлови нокти“ низ својата коса. Притоа, треба да мисли на него со љубов и нежност.

Според преданието „орлови нокти“ често се саделе покрај самата капија или оградата. Овој отпорен и упорен ползавец кој често останува зелен и во текот на целата зима, се смета дека привлекува среќа во куќата.

Негата за ова растение е многу лесна. Треба редовно да се потсекува за да поттикнете раст и цветање. Ако сакате да ја разм.ножите, најдобро е да земете средно развиено гранче, да го отсечете такашто да останат две ливчиња на гранката – едно спроти друго.

Подгответе растресита земја со доста песок и засадете го гранчето, па редовно залевајте го и покријте го со проѕирна плазстична кеса, дака да остане доста слободен простор над гранчето. Ставете ја саксијата во топол простор и следете го развојот – кога ќе се појават нови ливчиња, билката е спремна за пресадување.

Орлови нокти – Lоnicera caprifolium

За лек се користи листот, цветот и кората, за лекување ра-ни, отоци, висока температура, грозница, настинка, грип, конјунктивитис и други очни болести, салмонела, воспаление на грло и други микробни инфекции, цревни апцеси, б олно мокрење и дизентерија.

ОРЛОВИ НОКТИ: Одличен чистач на к рвта и заштитник од респираторни инфекции

Повеќегодишната зимзелена грмушка Орлови нокти на к инески јазик се нарекува Џин Јин Хуа. Името на ова лековито растение потекнува од енциклопедијата на к инеската традиционална медицина „Бен Као Ганг Му“ од познатиот лекар од династијата Минг Ли Шизенг (1368-1644).

Џин на к инески значи злато, а Јин сребро. Цветовите на ноктите на Орелот на горниот дел од ливчињата се бели, а потоа стануваат златни, поради што растението го добило името Џин Јин Хуа.

Сув или свеж цвет, популарно користен во традиционалната к инеска медицина, има изразени антибактериски и антивирусни својства. Билката има сладок вкус и ароматичен мирис. Билката „орлови нокти“ се користи за чистење на кр-вта и спречување на инфекции на горниот респираторен тракт.

Лековити својства:

Делува против разни бактерии кои предизвикуваат заразни болести, како што се златниот стафилокок, стрептокок, колибацилоза, дизентериски бацил, бактерија која е предизвикувач на колера, тифус и други.

Делува против бактерии како пневмокок, менингокок и бацили од туберкулоза, како и против вирусни настинки и вируси на херпес. Делува против воспаление и токсичност, помага при ублажување на оток, из.гореници и чирови.

Се користи за ублажување на воспаление на црниот дроб, против главоболки предизвикани од настинки, како и против деп.ресија, несоница, вртоглавица и суво грло. Билката е ефикасна за прочистување на кр-вта и запирање на дијарејата.

Лековитите својства на „орлови нокти“ се потврдени во третманот на дизентерија и воспалено грло. Тие имаат лековито дејство при третман на сончаница, дијареја, акутен и хроничен тонзилит, како и пародонтопатија.

„Орлови нокти“ спаѓа во „студената“ група на лековити растенија, па затоа не се препорачува долготрајна употреба, освен во летните денови за да се спречи дијарејата. Не се препорачува за луѓе кои имаат слаба физичка состојба и не се користи за време на мен.струалниот циклус, бидејќи може да предизвика негативни ефекти.

Чај од „орлови нокти“

Во чаша ставете 2 до 3 грама сув цвет од орлови нокти а потоа прелијте ги со врела вода, поклопете и оставете неколку минути. Потоа процедете и пијте според следната шема:

Пиењето чај од „орлови нокти“ се состои од три чекори: прво, не пијте го чајот до дното на чашата, туку оставете 1/3 во чашата. Потоа додајте повторно врела вода до врвот на чашата, што е вториот чекор, кој е клучен за развивање на вкусот на чајот. Кога повторно ќе го испиете чајот до една третина, бојата на чајот ќе биде речиси невидлива. Обичај е чајот трипати да се долива со врела вода, а потоа да се пие.