Потребни состојки:

1 кг ситен шеќер

250 мл млеко

250 г сечкани ореви

Постапка:

250 г шеќер ставете во шерпа со дебело дно. Ставете на тивок оган и мешајте постојано додека шеќерот да се растопи и да стане течен. Тргнете од оган и додадете 250 мл млеко. Тоа веднаш ќе се карамелизира. Вратете на оган и мешајте додека повторно да се растопи и да стане течно.

Сега додадете 750 г шеќер и повторно мешајте без прекин околу 10-12 минути.
На крај додадете 250 г сечкани ореви. Гответе уште 5 минути и тргнете од оган. Сега повторно мешајте околу 15 минути малку да излади. Во помала тепсија ставете фолија и излијте ја смесата. Оставете да стврдне.