Со цел барем делумно да се ослободите од тврдоглавите масни перничиња и да му се дозволи на телото да се прочисти, ова време е идеално за спроведување на исхраната која ја вклучува и познатата Са-Си вода.
Минатогодишниот светски бестселер „Исхрана за те-нок струк“ наиде на бројни обожаватели ширум светот кои посведочија за големиот ефект врз нивното здравје и изглед, од спроведените совети кои можат да се прочитаат во таа книга.
Авторите на книгата, нутриционистката Синтија Сас и уредничката на списанието за здравје Лиз Вакариело, се дуото одговорно за револуционерната исхрана чија основа е специјалната вода.
Имено, тоа не е обична вода, туку пијалак чии состојки се најсилните разградувачи на вишокот килограми, поточно масните перничиња. Покрај тоа, маги-чната вода е одговорна за ревитализација на целото тело, бидејќи го зајакнува кардиоваскуларниот систем, а телото ги ослободува сите насобрани ток-сини.
Потребни состојки: 2 литри вода (газирана/минерална/дестилирана, по избор), 1 лажица рендан корен од ѓумбир, 1 тенко исечена краставица без кора, 1 лимон и 12 листови нане
Постапка: измијте го лимонот и исечете го на прстени, а доколку е органски, задолжително сочувајте ја и кората. Доколку лимонот не е органски, тогаш оставете го во вода со сода бикарбона, а потоа добро измијте го под млаз ладна вода.
Излупете ја краставицата (ако е органска нема потреба) и исечете ја на тркалца исто како лимонот и додајте ја заедно со лимонот во водата. Излупете го ѓумбирот, изрендајте го и додајте го во подготвената вода заедно со свежите листови од нане.
Оставете го напитокот во фрижидер да отстои преку ноќ, а започнете да го пиете следниот ден, следејќи го овој план на исхрана:
Појадок – чаша зачинета вода и лесен појадок како што е: овесни снегулки со обезмастено млеко, малку семки од сончоглед или пак јадете овошје, а најдобар избор би бил ананасот (свеж, да не е од конзерва).
Ручек – чаша од зачинетата вода, риба по можност зготвена на пареа или варена во вода и салата од зеленчук. Вечера – чаша зачинета вода, риба, варен компир и боранија
Како закуски, односно меѓуоброци, можете да јадете јогурт, бобинки, зеленчук и свежи овошни сокови, не купени. Купечките сокови се преполни со шеќер и воопшто не се препорачуваат кога станува збор за здрава исхрана. Оваа ди-ета треба да се одржува минимум четири дена за да има видливи промени во телото.