Млечна милка ролада – Рецепт на Мои Колачи. Многу вкусен и едноставен колач кој децата го обожаваат. Се подготвува за неколку минути, а толку е вкусен што постојано ќе го правите.

Децата многу ги сакаат Милка чоколадите, но постојаното купување на овие чоколада е многу скапо. Ова е оригинален рецепт за вкусната Милка ролада, а откога децата ќе го пробаат, нема да побараат чоколадо од продавница.

Потребни состојки: 4 белки, 1 ќесичка ванилин шеќер, 40 мл млеко, 40 мл масло, 1 мала лажичка рум, 80 г шеќер, 40 г густин во прав, 40 г брашно. За крем: 125 мл прав за шлаг, 3 ќесички ванилин шеќер, 60 г маскарпоне, 250 г топено чоколадо.

Изматете ги белките по подлабок сад

Постапка: Ставете ги белките во подлабок сад и изматете ги со миксер. Кога ќе добиете форма на шлаг, престанете со матење. Во друг сад додајте ги жолчките, румот, маслото, млекото и ванилиниот шеќер. Оваа смеса изматете ја со рачна маталка.

Во друг сад додајте ги жолчките, румот, маслото, млекото и брашното

Откога ќе се соединат состојките, постепено додавајте го шеќерот. Кога ќе се изедначат состојките додајте го просеаниот густин и просеано бело брашно. Продолжете со матење со рачната маталка до соединување.

Додајте го густинот
Продолжете со матење
Просејте го брашното и густинот

Во добиената жолта смеса додајте ја претходно направената смеса од шлаг. Постепено додавајте со постојано мешање, не ја додавајте целата смеса наеднаш. Во тава / тепсија со димензии 20×30 ставете хартија за печење и прелијте ја течноста во тавата.

Соединете ги двете смеси

На тепсија со хартија за печење прелијте ја смесата

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 15 – 17 минути. За подготовка на кремот: Во сад додајте го прашокот за шлаг, ванилиниот шеќер и маскарпонето. Изматете ги сите состојки со миксер.

Подготовка на кремот: Изматете го маскарпонето, ванилиниот шеќер и прашокот за шлаг

На печената кора одвојте ги краевите од тепсијата со н ож, а потоа префрлете ја на памучна крпа и извадете ја хартијата за печење. Врелата кора бисквит веднаш сролајте ја со помош на памучната крпа.

Оставете да се излади на собна температура. Додека кората се лади, во сад на пареа стопете го чоколадото по можност Милка. Изладената кора oдвретете ја и во неа намачкајте го кремот со маскарпоне преку целата нејзина површина. Измазнете подеднакво на сите страни, а потоа повторно сролајте го бисквитот.

Стопете го чоколадото
Премачкајте го бисквитот со белиот крем, а потоа сролајте го

Ставете го бисквитот врз хартија за печење и прелијте со млакото топено чоколадо. Оставете да стврдне 30 минути на собна температура, а потоа префрлете во фрижидер.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Прелијте со чоколадниот крем