Оваа торта е толку мека и сочна, комбинацијата од бисквит со какао, нежен крем од јогурт со овошје, навистина ќе ве воодушеви. Може да го приготвите и како торта-сладолед, вашите најмили и гостите ќе бидат презадоволни. Кај мене колачот исчезна буквално за 5 минути.
Бидете сигурни дека сите ќе ви побараат уште по едно парче. Колачот освежува, не е многу благ. Подгответе плех или калап со големина 35 × 20 см, намастете го со масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
Потребни состојки за бисквит: 5 лажици брашно, 5 лажици шеќер, 5 јајца, 1 лажица какао во прав, 1 кесичка прашок за пециво (10 г), 3 лажици млеко и 3 лажици масло
За фил: 500 мл јогурт, 2 кесички желатин, 8 лажици вода, 5 лажици шеќер, 200 г шлаг (се мати според упатството на кесичката), млеко колку што е потребно за да се измати шлагот (околу 300 – 350 мл) и 500 г овошје (свежо, замрзнато, јагоди, цреши, малини, капини, праски или мешавина од овошје)
Постапка: Одвојте ги белките од жолчките во посебен сад, а потоа пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег, постепено додавајте ги жолчките и продолжете со матење.
Потоа додајте млеко, јогурт, брашно, какао и прашок за печиво. Промешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи смесата, а потоа излејте ја во приготвениот плех. Ставете да се пече во претходно загреаната рерна, околу 20 минути.
Желатинот промешајте го со 8 лажици ладна вода (или според упатството од кесичката), и оставете го да набубри 10 минути. Јогуртот ставете го во едно тенџере и додајте го шеќерот.
Ставете на тивок оган да се загрее, но не смее да зоврие, туку да стане доволно млак, за да може во него да се растопи желатинот. Додајте го набубрениот желатин и тргнете го садот на страна.
Со миксер кратко изматете го млакиот јогурт, па оставете го 5 минути, а потоа постепено започнете да го додавате во претходно изматениот шлаг додека непрекинато матите со миксерот.
Овошјето изблендирајте го, па додајте го во кремот и промешајте со лажица додека да се соедини и изедначи. Прелијте го врз печената и изладена кора, израмнете, па оставете го колачот во фрижидер да се лади до следниот ден.
За уште поубаво да ви се сечат коцките, колачот оставете го еден или два часа во замрзнувач. Тогаш ќе добиете совршени коцки. Одозгора можете да да наросите рендано чоколадо, многу убаво си одговара. Уживајте во вкусот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.