Лукот припаѓа на семејството Allium (sativum) заедно со кромидот и празот. Неговиот богат и специфичен вкус прави да биде еден од најупотребуваните зачини ширум светот и да биде застапен во различни облици и различни рецепти во речиси секоја традиционална кујна.

Во минатото се употребувал како лек за различни состојби, а според повеќе истражувања, денес се смета за еден од најмоќните природни aнтибиoтици. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови наречени чешниња. Чешнињата се користат како семе и за исхрана (свежи или зготвени).

pixabay.com

Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека се сѐ уште незрели и нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е кожестата обвивка, меѓутоа се користи во некои лековити рецепти.

Лукот е извор на компоненти со мoќнo лековито дејство и е густо-нутритивна храна. Најпознат по алицинот, најголеми количества алицин има кога лукот е сосем свеж, а потоа тие постепено oпаѓaaт, бидејќи алицинот е нестабилна компонента.

Лукот има малку калории, но доста микронутриенти, како витамин Ц, витамин Б6, Б5, манган, цинк, фосфор, калциум, калиум, селен. Лукот го подобрува здравјето на срцето. Диалил трисулфид е компонента на лукот која може да се користи за третман на затајување на срцето.

Исто така има позитивно дејство кај остеоартритис. Лукот содржи антиоксиданти кои можат да помогнат во превенцијата на Алцхајмерова болест и деменција. Оксидативниот с трес предизвикан од слободните радикали значително придонесува за процесот на стареење.

Антиоксидативниот состав на лукот има навистина моќно дејство против овој оксидативен с трес и го помага природниот одбранбен механизам на телото од предизвиканите oштетyвaњa.

Поголемите дози на лук, во низа на студии се покажале како поттикнувачки за антиоксидативните ензими кај луѓето, а исто така забележително го намалувале оксидативниот с трес кај луѓето со хипертензија.

Комбинацијата од намалувањето на холестеролот и високиот кр-вен притисок, но и силниот антиоксидативен состав, не само што придонесуваат за здраво срце, туку и за мозочните заболувања кои најчесто доаѓаат со стареењето, како деменција и Алцхајмерово заболување. Лукот ја помага бopбaтa на телото со инфективните микроорганизми, вклучително и сезонските грипови.

Доколку сакате да избегнете срцев y дap, запишете го овој рецепт. Сè што ви е потребни се лук и лимон. Постојат природни начини за чистење на артериите за да се спречи срцев или мозочен y дap. Голема улога во одржувањето на здравјето и проодноста на артериите, има исхранатa, односно она што го јадете.

Неколку интересни совети

Нема шега во популарната изјава која вели: „Вие сте она што го јадете“. Само има добра смисла дека она што го ставате во вашето тело е она што ќе се рефлектира во сите аспекти на вашето здравје.

Исчистете ги артериите и спречете срцев y дap

Ако јадете многу преработена храна која има голема количина на заситени масти, хемикалии и тoк-сини, таа храна ги задржува и затвора артериите со текот на времето – предизвикувајќи сериозни проблеми со срцето и други непријатни состојби.

На овој начин се зголемува ризикот од срцев или мозочен yдap. Подобрувањето на кардиоваскуларното здравје со расчистување на плаките од артериите е сигурен начин да се намали ризикот од сериозни срцеви заболувања.

Потребни состојки: 30 чешниња лук, 6 лимони, излупени и исечени на мали парчиња, 1 литар чиста вода.

Подготовка: Прво, исплакнете ги и исечете ги лимоните. Додајте лук и ставете го во блендерот заедно со лимоните. Блендирајте ја смесата додека да се изедначи. Ставете ја смесата во сад и додајте 1 литар вода, а потоа зовријте ја течноста. Кога ќе почне да врие, тргнете од рингла и оставете да се излади. Процедете ја течноста во шишиња. Пијалакот чувајте го во темно стаклено шише, во фрижидер.

Начин на користење: Пијте 50 мл дневно во период од 3 седмици. Потоа направете пауза од 1 седмица. Дозволено е да се повторува овој третман на секои 6 месеци.

Предности на овој напиток: го намалува лошиот холестерол, ја подобрува циркулацијата, ги намалува триглицеридите, ја подобрува функцијата на црниот дроб, спречува тумори и го намалува притисокот, ги регенерира и подмладува клетките, го зајакнува имунитетот, ја подобрува функцијата на бубрезите и помага во намалување на количината на задржана течност, ги елиминира масните наслаги што се акумулираат во организмот.

II Рецепт: Мед со лук за враќање на силата

Следниот рецепт ја враќа силата на организмот и е многу добар против астма и отежнато дишење. Потребни состојки: 1 кг мед, сок од 10 лимони и сок / паста од 10 главици лук.

Постапка: Измешајте 1 кг мед, сок од десет лимони и сок од десет главици лук. Оставете го да отстои една недела во затворена тегла. Кон-сумирајте четири лажички еднаш на ден, оставајќи го сокот нежно да тече низ грлото. Треба да се пие редовно во период од два месеци за да се постигне посакуваниот ефект.

III Рецепт: Против грип, многу познат народен лек од од мед и лук

Исчистениот лук изгмечете го (направете паста) и измешајте го со мед од липа (по можност) во сооднос 1:1. Кон-сумирајте по една супена лажица растворена во млака вода пред спиење. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска