Кога за прв пат ќе ја пробате мешавината од сол и шеќер пред да си легнете на спиење, многу веројатно дека наскоро ќе ви премине во навика!
Посебно ако спаѓате во групата луѓе кои патат од несоница и често будење во текот на ноќта.
Солта, исто како и шеќерот не се препорачуваат во големи количини поради потенцијалната штетност по здравјето, но тоа не значи дека не постои и нивна позитивна страна, особено кога станува збор за нивно комбинирање, објаснува Мет Стоун, американски научник и автор на неколку книги од областа на нутриционизмот и метаболизмот.
Исто така, солта помага во отстранување на главоболката, го зајакнува имунитетот, го подига нивото на енергија во телото, сератонинот и елетролитите, и уште многу други работи.
Имено, за луѓето кои ги мачи несоница, оваа комбинација во одговарачки пропорции, може да им го понуди она што моментно им е најпотребно, а толку недостижно, а тоа е мирен сон.
Шеќерот и солта делуваат како „батерија“ за клетките: глукозата го осигурува дотокот на енергија во митохондриите, а рамнотежата на натриумот во меѓуклеточните течности овозможува правилно клеточно дишење и производство на енергија.
Покрај тоа, и двете намирници се силни „алатки“ за управување со стресот.
Шеќерот му дава сигнал на телото да го намали и прекине производството на хормонот за стрес, кој му штети на вашиот метаболизам и ве прави будни навечер.
Солта исто така е важна за одржување на хомеостатската состојба, во која адреналинот не може да се излачува без контрола.
Затоа, ако сте меѓу оние кои често се будат навечер, посебно помеѓу 2 и 4 часот наутро, чувствувајќи како адреналинот циркулира низ телото и им го оневозможува сонот, комбинацијата од шеќер и сол за вас може да биде спасоносно решение!
Како да се направи успивателниот прав?
Односот меѓу солта и шеќерот според Мет Стоун треба да биде 1:5.
Најдобро е да се користи нерафинирана морска сол и квалитетен сиров кафеав шеќер. Ако не можете да ги набавите, ќе послужат и обичната сол и шеќер.
Измешајте 5 лажици шеќер и 1 лажица сол, па ставете ги во стаклена тегла. Тоа ќе ви трае долго.
Пред спиење или во текот на ноќта кога ќе се разбудите, измешајте ја тегличката, ставете по јазик мал прстофат од оваа мешавина, и оставете постепено да се растопи.