Јодот е минерал кој во нашиот организам се наоѓа во многу мали количини. Човечкото тело само не може да го произведе, па затоа е неопходо дневно да се внесува.

За возрасен човек неопходен е дневен внес од 150 микрограми јод. Ако не го внесувате доволно, телото ќе почне да ви дава знаци на аларм. Исхраната го регулира нивото на јод во организмот, но многу треба да се внимава и каква сол ќе консумирате.

ПРОМЕНА НА РАСПОЛОЖЕНИЕ

Не се ретки случаевите на лица кои имаат проблеми со недостиг на јод, а кои чувствуваат симптоми на депресија. Доколку дојде до хипотиреоза (намалена функција на тироидната жлезда), сигурно ќе дојде и до промена на расположението, поради поврзаноста со самата жлезда.

ХРОНИЧЕН ЗАМОР

Драстичен пад на енергијата без оглед на доволното спиење е последица на неактивноста на штитната жлезда. Таа нужно ја успорува својата работа доколку во организмот нема доволно јод.

НАГЛО ДЕБЕЛЕЕЊЕ

Од исти причини, поради кусок од јод и забавена работа на штитната жлезда, се забавува и метаболизмот, а со тоа храната потешко се вари. Последица на тоа е дебелеењето, па затоа внимавајте што јадете и колку.

СУВА КОЖА И КОСА

Уште една негативна појава поврзана со недостатокот на јод е што се отежнува процесот на потење, а тоа влијае на кожата која станува се посува и почувствителна. Ниту косата не добива довлно хранливи материи, па и таа е посува од вообичаено.

ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА СТУД

Со забавениот метаболизам неминовна е и слабата циркулација. А кога тоа ќе се случи терморегулацијата сериозно се нарушува, па на лицето му е многу поладно, дури и на нормална температура.