Превкусно воздушесто тесто од јајца, млеко и брашно, за кое ви е потребно само 5 минути подготовка. Ќе ве освои вкусот на ова печиво, како и брзината со која се приготвува, од намирници кои речиси сите веќе ги имаме дома. Превкусни се и само така да се јадат.
Може да ги мачкате со некој солен намаз, но и со сладок, а може да ги сервирате и како прилог на главното јадење. Јоркширскиот пидунг-печиво е англиско печиво кое обично се послужува како солен прилог на главното јадење (месо, печење…). Не пропуштајте и направете го…
Потребни состојки: 4 јајца, 225 г брашно, 300 мл млеко, 1 лажичка сол, путер (маст или масло)
Постапка: најпрво намастете ги калапите за мафини, секој со по половина маст или путер (ако немате може и масло, но најдобро е со несолена маст или путер). Калапот ставете го во рерна да се загрева на 250 степени околу 2-10 минути. Потребно е добро да се загрее пред да се излее во него тестото.
За тоа време пригответе го тестото: во подлабок сад скршете 4 јајца и додајте една лажичка сол. Изматете добро со жица маталка. Додека мешате постепено додајте 300 мл млеко. Откако убаво ќе ги соединете состојките, во смесата додајте 225 г просеано брашно.
Добро изматете со жица маталка за да нема грутчиња во смесата. Доколку имате голем блендер, сето ова можете да го приготвите за многу пократко време: едноставно ставете си сите потребни состојки во блендерот и вклучете го на 2-3 минути додека убаво да се измешаат состојките.
На крај ќе добиете тесто многу слично на она за палачинки, можеби сосем малку погусто. Смесата прелијте ја во бокалче или друг сад со кој полесно ќе ви биде излевањето на тестото. Извадете го загреаниот калап од рерната и полнете ги калапчињата.
Вратете го во топлата рерна и продолжете со печење на 220 степени околу 15-20 минути. За тоа време не смеете да ја отворате рерната зошто тестото расте како печур-ка, па може да спласне од напливот на ладен воздух (нешто слично на тестото за еклери-принцес крофни).
После 15 минути кратко подотворете ја вратата од рерната за да ги проверите мафините, па доколку е потребно продолжете со печењето, уште 3-5 минути. Готовите мафини/уштипци извадете ги и послужете ги топли (и ладни се убави). Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.