Нашите предци користеле шипка за ублажување на дијарејата, лекување на белодробни заболувања, настинки, б олки во грлото и како диуретик. Латинското име е Rosa Canina, потекнува од античко време, кога грчкиот лекар Хипократ лекувал ра-ни од каснувања на кучиња со коренот на оваа билка.
Овие мали портокалово-црвени овални бобинки се вистинска ризница на витамин Ц – содржат повеќе од лимонот, портокалот и црниот пипер. Затоа, шипката е идеална за правење топол чај кој го јакне имунитетот и штити од настинка и грип.
Со преработка на шипката, за правење џем, сируп, чај речиси никогаш не се губи концентрацијата на витамин Ц. Низ историјата, шипката била користена за бројни здравствени проблеми – за ублажување на дијарејата, лекување на белодробни заболувања, настинки, б олки во грлото и како диуретик.
Неодамнешното истражување спроведено во Данска, исто така, покажа дека овие црвени плодови можат во голема мера да ги ублажат проблемите со артритис, бидејќи тие дејствуваат како природен аналгетик.
Исто така е познато дека чајот од шипка помага против акумулација на песок и камења во бубрезите и уринарниот тракт. Овошјето најчесто се користи за медицински цели.
Маслото од семето на шипка е многу популарна состојка во органската и природната козметика благодарение на неговите антиоксидантни и регенеративни својства. Овошјето може да се суши и да се користи за подготовка на чај против замор и настинка, или да направите одличен џем од нив.
Шипката изобилува со витамини Ц, А, Е, пектини, фруктоза, железо, калиум, овошни киселини, танини, каротеноиди, флавоноиден рутин, елагинска киселина, ликопен.
Медицински својства: го зајакнува имунитетот, штити од настинка и грип, помага при инфекции на уринарниот тракт, ја стимулира циркулацијата, штити од срцеви заболувања, ги намалува воспалителните процеси, ја штити и подмладува кожата, делува како диуретик, штити од рак, помага при камен во бубрег.
Оваа дива, украсна грмушка лесно ќе ја препознаете по светло-портокаловото или црвено овошје. Ова овошје најчесто може да се најде на рабовите на шумите, ливадите, пасиштата..
Наберете ги плодовите додека се цврсти и веднаш исушете ги. Би било добро да го собирате плодот со ракавици поради острото трње што би можело да ве пов-реди. Порано плодот го сушеле на сонце, но денес тоа се практикува во рерна. Пред сушење на овошјето, отстранете ги стебленцата и тврдите краеви.
Можете да ги исушите и целите плодови, но подобро е да ги исечете на половина и да ги исчистите од внатрешни семиња и влакна. Додека го чистите плодот, не тријте ги очите поради можна иритација и чешање со ситните влакненца кои се содржат во семето.
Сушење на сонце: Ставете го овошјето на памучна крпа и оставете го на сончево место неколку дена. Повремено вртете ги. Сушење во рерна: Загрејте ја рерната на 40-50 степени. Наредете ги плодовите на хартија за печење и ставете ги во рерна 3-4 часа. Оставете ја рерната отворена за еден прст.
Кога шипката ќе се исуши во рерна, извадете ги и оставете да се излади. Чувајте ги исушените плодови на воздушно и ладно место или во тегла. Може да ги користите најмногу една година.
Чај од шипка против замор и настинка
Потребни состојки: 1 лажишка сува шипка, 1 – 2 чаши вода.
Постапка: Ставете чаша или две ладна вода во тенџерето и додајте лажичка сува шипка. Поклопете и варете на тивок оган околу 5 минути по зовривањето на водата. Потоа тргнете од оган и оставете чајот да отстои 8 – 10 минути. Процедете го чајот и пијте во текот на денот 1 – 2 чаши.
Чај од шипка како идеално средство против настинки
За една чаша чај е потребна една лажица сув плод од шипка. Прелијте со ладна вода, па загрејте до зовривање. Оставете да зоврие, па тргнете од оган да отстои поклопено половина час. Потоа се процедува и се пие. Кога се приготвува чајот од шипка, треба да се води сметка, во него да преовладуваат сувите плодови, а не семето.
Чај за благо стеснување на кр-вните садови (се препорачува при тубер-колоза), во случај на на-пад од камен во жолчка (добро делува ако се пие топол)
Постапка: Зовријте 200 мл вода. Попарете една голема лажица цвет од дива ружа. Оставете да отстои 5 минути, па процедете. Кон-сумирајте трипати дневно по една чаша.
За добар, длабок и мирен сон
Варете една голема лажица здробен плод од шипка, 5 минути во 300 мл вода. Додајте 3-4 листови нане. Поклопете и оставете да отстои 2 часа, па процедете. Овој чај се пие во текот на денот, наместо вода, особено пред спиење.
Чај за ублажување на б олки, чистење на жолчно кесе и мочен меур, чистење на бубрези од песок и каменчиња
Варете 5 минути плод од шипка или семе во 500 мл вода. Внимавајте: Не треба да се претерува со користење на чајот од шипки бидејќи при големи количини може да се појават тегоби со срцето или некои други несакани последици.
Плодот има специфичен мирис и пријатен слатко-кисел вкус, па се користи за приготвување на џемови, мармелади, сокови и вино кое претставува одличен витамински напиток.
Од цветните листови може да се приготвува лосион за тонирање на кожата, а помешан со цветни листови од питома ружа, се користи за приготвување на одлични јадења, како што е слаткото од ружа.
Сок од шипки
Свежите плодови од шипка треба да се измијат и да се исушат. Пресата за цедење треба да биде добро навлажнета, па да се стават плодовите и од нив да се исцеди сокот, малку по малку. Сокот треба да се процеди низ газа или низ цедалка (никако метална).
На еден литар чист сок се додава еден килограм шеќер, се остава некое време да се стопи со повремено мешање. По вкус, може да се додаде лимонтус, но треба да се води сметка дека сепак шипката сама по себе е доволно кисела. Сокот се складира во чисти стаклени шишиња.
Домашен ликер од шипка
Шипката треба да се измие и просуши, а потоа да се сомеле и помеша со шеќер. Садот се затвора, се остава на топло место и се промешува неколку пати дневно. Се процедува, се додава ракија, се складира во стаклени шишиња и добро се затвора. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска