Велигден е најголемиот христијански празник, ден на Христовото воскресение. Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај, како што е годинава.
Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.
Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот.
Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден, објаснува еминентниот универзитетски професор, теолог, Ратомир Грозданоски за религија.мк. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела.
По полноќ, православните верници го слават Велигден, најголемиот христијански празник и денот на Христовото воскресение. На тој ден, Исус Христос воскресна од мрт-вите, ја победи с-мртта и им даде вечен живот на сите луѓе, од Адам и Ева до последниот човек на земјата.
Вос-кресението се слави три дена, христијаните се поздравуваат со: „Христос вос-кресна“, а тие одговараат „Навистина вос-кресна“. Така се поздравува до Спасовден, четириесеттиот ден по Велигден.
Велики петок, Велика сабота и Велигден, кој е секогаш во недела, се најважните денови во црковниот календар. Вообичаено е и оние што ретко одат во црква во тие денови да одат и да се молат за душите на нивните предци и за здравјето на нивните потомци.
По завршувањето на утринската литургија започнува велигденскиот празник. Велигденскиот ручек започнува во време кога обично е време за појадок. Ручекот се служи во кругот на семејството. Кога ќе се вратите од црква, сите членови на домаќинството се поздравуваат со велигденски честитки.
Сите седнуваат на свечено поставената трпеза. На масата е украсен сад со обоени јајца. По велигденскиот ручек, порано беше обичај, а денес е само убав спомен, целото семејство, свечено облечено, шеташе низ градот и застануваше на кафе и пијалоци во градската чаршија.
Некои од обичаите кои се поврзани со Велигден:
За Велигден, треба да станете рано наутро, и да не си легнувате пред полноќ. Ако некој си оди на спиење пред полноќ, тоа би значело дека до следниот Велигден, цела година ќе биде поспан и мрзелив.
Наутро кога ќе станете од спиење прво треба лицето да си го измиете со вода во која биле потопени лековити билки со симболично значење: дрен, здравец, босилек и јајцето „чувар куќа“. За да бидете силни и здрави преку целата година.
Треба да се омрсите со велигденско јајце. Децата треба да се помилуваат со црвеното јајце на образите, за да бидат здрави и румени.
Во некои краишта се верува дека велигденското јајце треба да се закопана во мравјалник, бидејќи се верува дека тоа носи среќа и напредок во домаќинството. Некаде се верувало дека лушпите од обоените јајца треба да бидат добро изронети, за да не можат да бидат искористени од веш-терките.
За Велигден се облекува најубавата облека, по можност треба да е нова. Се верува дека во неделата од Велигден до недела Свети Тома, рајските порти се отворени и дека ду-шите на сите што у-мираат во тие денови одат право во рајот.
Овој голем христијански празник, за православните христијани претставува спој на верата и традицијата, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Според преданијата, оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Исус, се практикувала уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.
Според верувањата на православните Христијани, велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на празникот Велигден. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден.
Со празникот Велигден завршува и 40-дневниот пост. Домаќинките по утринската литургија подготвуваат свечен Велигденски ручек кој според традицијата мора да има јагнешко месо.