Рецепт на Виолета од Летина Кујна. Превкусна велигденска погача, мека како душа. Многу лесно се подготвува и потребни ви се само неколку минути да го замесите тестото, а после само се реди во тава и се пече.
Ова е специјална велигденска погача и секогаш ја подготвувам во недела со главниот ручек. Покрај превкусните јадења на богатата трпеза, оваа погача ја краси трпезата и одговара буквално со сè.
Многу е вкусна и едноставна, а понекогаш ја подготвувам и за вечера, децата обожаваат да ја јадат со млеко или јогурт. Само следете ја постапката и дозирањето на состојките.
Потребни состојки: 850 – 1000 г брашно, 40 г свеж квасец, 1 супена лажица шеќер, 1 супена лажица сол, 4 жолчки, 1 цело јајце, 50 мл масло, 1 цела павлака (180 г), 500 мл млако млеко.
Постапка: Во подлабок сад ставете малку од млакото млеко. Не го искористувајте цело бидејќи другиот дел се става на крајот. Во млакото млеко додајте го квасецот и шеќерот.
Млекото не е потребно да го затоплувате, едноставно оставете го да отстои 1 – 2 часа на собна температура пре да започнете со подготовка на погачата. Истото направете го и со јајцата.
Потоа во сад додајте 1 – 2 лажички од брашното. Измешајте малку со лажица и оставете квасецот да се активира, отприлика 10 минути. Потоа во друг сад додајте го цело брашно и потоа додајте ја смесата со активираниот квасец на средина.
По страна посолете со сол, додајте 2 жолчки и 1 цело јајце. Потоа додајте го маслото и 1 павлака и на крајот додајте го преостанатото 450 мл млеко. Потоа започнете со раце да го замесувате тестото додека да се соедини со состојките и да биде нелепливо под прсти.
Откога ќе го замесите тестото може да додадете уште малку масло во него и повторно да го замесите да се апсорбира маслото. Тестото оставете да отстои 30 минути на собна температура за да стаса поклопено со проѕирна фолија и кујнска крпа.
По изминатото време, префрлете го тестото на набрашнета површина, малку премесете го и потоа поделете го на 1 поголем дел и 1 помал дел, 2/3 со 1/3. Помалиот дел оставете го настрана, а поголемото тесто размесете го и развлечете го со оклагија како правоаголник.
Кога ќе го развлечете тестото со н ож, оформете ги страните на тестото да бидат рамни. Тестото премачкајте го со масло / путер или маргарин. Јас го премачкував со маргарин. Потоа свиткајте го во ролна.
Со помош на н ож, пресете го валјакот на половина на надолжен пресек, но пресете го така што за горниот дел да остане споено тестото, а по должина да се одвои. Виткајте ги двата дела едно врз друго како да плетете плетенка, но не затегнувајте многу.
Вториот дел поделете го на 5 делови. Развлечете еден ден во форма на круг и ставете го во сад за печење, намастен со масло или маргарин. Ставете го тестото во тавчето, а одогзгора ставете го тестото кое го свиткавте како плетенка исто валјакот направете го во форма на круг.
Други четири делови од тестото развлечете ги во круг. На првато тесто ставете маргарин и размачкајте го низ цело тесто. Потоа додајте го врз него второто тесто и повторете ја постапката и со третото.
Четвртото тесто ставете го врз третото и не го премачкувајте со маргарин. Пресечете го тестото на шестнаестинки. Секоја шеснаестинка со н ож пресечете ја поширокиот дел на средина, а врвот на триаголникот од тестото ставете го во дупката која ја направивте на тестото.
На овој начин редете ги тестата околу главното тесто во садот за печење. Може да направите и велигденски листови од тесто кои може да ги погледнете во видеото, а се прават многу едноставно и лесно.
Во посебен сад измешајте 2 жолчки, 2 кафени лажички млеко, половина лажичка масло. Со оваа смеса премачкајте го тестото. Може да ставите чиа семки, сусам или други семки врз погачата за да ја зачините повеќе.
Во претходно загреана рерна на 180 степени, печете ја погачата 35 – 40 минути. Кога ќе видите дека површината почнува да заруменува, поклопете со хартија за печење да се подготви внатрешноста. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска