Во кинеската медицина третманот со парење на вагината се спроведува со цел да се прошират крвните садови, да се поттикне циркулацијата, да се зголеми исхранетоста на ткивото и да се постигне релаксација на мускулите од дното на карлицата.

Оваа техника секогаш може да се примени, а најдобро е после завршетокот на секоја менструација. Секако, парењето на гениталното подрачје не се препорачува во период на бременост.

Парењето е успешно доколку третманот трае помеѓу 20 и 45 минути, а треба да внимавате изворот на пареа да не биде преблиску до вагината, за да не направите изгореници.

Билките кои ќе ги користите за парење можете сами да ги одберете, но најмногу се препорачуваат невен, камилица, оригано, рузмарин, босилок, лаванда и ружа.

УПАТСТВО

Во еден сад зовријте три литри вода и додадете исушена билка. Оставете да проврие заедно со водата околу десет минути, а потоа оставете да отстои пет минути. За полесно да го примените третманот, чајот префрлете го во помал сад кој ќе можете да го поставите под себе, а околу половината можете да се обмотате со пешкир за да не излегува пареата.