Рецепт за посни колач-кекси полнети со џем, без млеко и јајца кој го правам со години. Имаат неодолив вкус и мирис. Брзо се приготвуваат и можат да стојат многу долго. Всушност, колку подолго стојат, стануваат повкусни. Рецепт и видео презентација на Ивана од „Шерпица“.

Потребни состојки: 200 мл млака вода, 150 мл масло, 10 г ванилин шеќер (или арома-екстракт од ванила), 10 г прашок за печиво, 1 лажичка оцет, околу 500-550 г брашно, околу 100 г џем или неколку лажици (џем по ваш вкус, но гледајте да изберете некој погуст), шеќер во прав за наросување одозгора

Потребни состојки:
Во подлабок сад ставете вода, масло, оцет, ванилин шеќер и прашок за печиво. Промешајте да се растопат и соединат состојките

Постапка: Во подлабок сад ставете вода, масло, оцет, ванилин шеќер и прашок за печиво. Промешајте да се растопат и соединат состојките.

Во течната смеса додајте го брашното. Со постепено додавање на брашното замесете меко (масно на допир) тесто кое не се лепи за ѕидовите од садот.

постепено додајте го брашното

Во тестото не се става обичен шеќер, туку само ванилин шеќер, а не мора ни тој да го ставите, доволно е и арома доколку имате. Колачите на крај се доволно слатки од шеќерот во прав со кој се наросуваат. Откако добро ќе го замесите тестото, оставете го покриено да одмори 10 минути.

тестото е меко и малку масно. оставете го 10 минути да одмори
После 10 минути само малку премесете го и ќе забележите колку тестото ќе стане убаво и мазно

После 10 минути само малку премесете го и ќе забележите колку тестото ќе стане убаво и мазно. Затоа, не претерувајте со брашното, доволни се 500 грама, максимум 550 г. Топката тесто спуштете ја на убаво набрашнета површина, па и него наросете го одозгора со малку брашно.

тестото развлечете го врз набрашнета површина
кората треба да биде 5-8 мм дебела

Со помош на оклагија развлечете тенка кора со дебелина од 5-8 мм, па одберете чаша со која вадите кругови. За помали колачи користете чаша со пречник од 6 см или за нешто поголеми, со пречник од 8 см. Сепак јас ја користам помалата чаша, затоа што колачињата ми се поубави кога се помали.

одберете чаша за сечење на круговите
сечете кругови

Сечете ги круговите со чашата и тргајте ги на страна, а остатоците од тестото соберете ги, премесете ги и повторете ја постапката: развлечете кора, сечете кругови и сè така додека да се потроши целото тесто. На секое тркалце покрај крајот ставете по една лажичка џем.

остатоците од тестото соберете ги, премесете ги и повторете ја постапката
На секое тркалце покрај крајот ставете по една лажичка џем.
преклопете
притиснете ги краевите со виљушка

Преклопете го колачето на половина, па со помош на виљушка залепете ги краевите за да не излегува џемот. Затоа, не ставајте премногу џем, затоа ќе се разлее и нема да можете да споите краевите. Плехот од рерна обложете го со хартија за печење, па во него редете ги приготвените колачиња.

ставете да се печат 30-35 минути на 200 степени
наросете ги со шеќер во прав

Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Печените колачи извадете ги од рерна и уште додека сè уште се топли, сите ставете ги во еднен поголем сад и одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во нивниот вкус