Поедноставно а повкусно од ова не можете да најдете. Едноставно се неодоливи! Слатки, вкусни, се топат во уста. А толку лесно се приготвуваат, би било штета да не ги пробате.
Потребни состојки: 2 јајца, 250 г мелени ореви, 250 г сечкани ореви и 180 г шеќер во прав
Постапка: со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте мелени ореви и убаво изедначете ја смесата. Со рака формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во ситно сечкани ореви.
Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 180 степени, па готовите орасници ставете ги да се печат околу 35 минути. Извадете ги, изладете ги и уживајте во нивниот вкус. Многу, многу едноставно. / Сооlinarika.com
II РЕЦЕПТ Орасници на старински начин, се прават од 2 јајца, 180 г шеќер и 300 г мелени ореви / Фотографија и рецепт на Славица Николиќ
Потребни состојки: 2 јајца, 180 г шеќер, 300 г мелени ореви + сечкани за валкање
Постапка: изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се стопи и да побели смесата. Потоа матењето продолжете го на пареа за термички да се обработат јајцата. Во кремот додајте ги мелените ореви и оставете да излади смесата.
Потоа, од смесата формијате орасници, валкајте ги во сечкани ореви и редете ги во плех обложен на хартија за печење. Орасниците ставете ги да се „печат” односно да се сушат на тивок оган: Прво на 180 степени загрејте ја рерната, па околу 15 минути печете ги на 150 степени.
Додека се топли орасниците се меки и затоа оставете ги да изладат. Потоа ќе бидат крцкави и убави. / Фотографија и рецепт на Славица Николиќ
III РЕЦЕПТ – ОРАСНИЦИ ФИНИ И КРЦКАВИ / Рецепт и фотографии на Јелена Петровиќ
Потребни состојки: 1 јајце, 100 г шеќер, 100 г мелени ореви и 100 г ситно сечкани ореви
Постапка: Со миксер изматете го пенасто јајцето заедно со шеќерот додека тој да се растопи. Ставете ја смесата на пареа или на многу тивок оган и продолжете да го матите/мешате јајцето додека да се згусне, околу 5-6 минути. Додајте го мелените ореви, па тргнете го садот од оган.
Со лажичка вадете од филот па валкајте во сечканите ореви и обликувајте кифлички/потковица, па редете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете да се печат во загреана рерна на 160 степени околу 15 минути. Орасниците можат да стојат долго време во кутија. Одлични слатки грицки!
IV РЕЦЕПТ КРЕШЕНТИ: со вкусот потсетуваат на орасници, се топат во уста, превкусни се! Навистина преубави, ровки, ситни колачи кои по вкусот потсетуваат на орасници. Едноставно се приготвуваат, и дома ми ги изедоа половината уште не ми беа споени.
Потребни состојки: 350 г меко брашно, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 лимон – кора (јас ставив кора од портокал бидејќи немав лимон, и излезе супер), 200 г путер / маргарин, 2 жолчки, 1 јајце, 2 лажици рум (кој нема или не сака, нека ги замени со млеко)
За натопување на колачињата: 2 белки, 150 г мелени ореви (во мојот случај блендирани). За лепење: 100 г чоколадо, 2 лажици масло
Постапка: путерот мора да биде омекнат на собна температура за да може убаво да се замеси. Додајте ги сите состојки: брашно, шеќер, ванилин шеќер, кора од лимон, јајце, жолчки и јас додадов млеко зошто моите деца не го сакаат мирисот на рум.
Замесете го тестото. Прво е малку суво, но полека како што го месите путерот ќе се отпушти и убаво ќе се замеси. Кинете мали парчиња и валкајте ги меѓу дланките, со величина нешто поголеми од лешник.
Во еден мал сад ставете ги двете белки, а во друг сад ставете мелени ореви. Садот со белки наполнете го со топчиња колку што собира, а потоа пренесете ги во мелените ореви и извалкајте ги.
Оревите многу се лепат за прсти, па најдобро е да ги вадите со лажица или штипалка или со друго помагало, а да немате контакт со раце. Значи не ги натопувајте прстите во белка, зошто „лом“ ќе се направите.
Додека ги правите топчињата, вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Редете ги намастен плех и ставете да се печат околу 20 минути. Од оваа мерка излегуваат две полни тепсии од рерна. Печените топчиња оставете да изладат, па спојувајте ги две по две и редете ги на тацна. Може веднаш да се јадат.