-Вкусен компир на малку поинаков начин.
Направете компир на малку поинаков, но екстремно вкусен начин.
Потребни состојки:
1-2 кг компир
1 лажица путер
50 г сланина
Црвен мелен пипер
2 домати
1 пиперка
1 главица кромид
Сол, црн пипер
Малку масло
Постапка:
Компирот излупете го и исечкајте го, па ставете го во огноотпорен сад. Кромидот исечкајте го на коцки, сланината, доматите и пиперката на ленти. Сето заедно измешајте со компирите. Добро посолете, ставете малку масло на дното од садот, промешајте. Поросете со црвен мелен пипер и путерот или маста распоредете ја рамномерно врз компирот.
Печете 40-тина минути на 200 степени, поклопено. Пред крај тргнете го капакот (или фолијата) и оставете уште неколку минути да се запече на 220 степени.