Мака (Lepidium meyenii) е корен сличен на ротквицата, високо ценета лековита билка поради нејзиниот диететски ефект и се користи како природен лек. Маката помага во регулирање на контролата на нормалното функционирање на организмот и има многу здравствени придобивки. Уште се нарекува „перуанско чу-до, перуански женшен.”
Маката потекнува од Перу и расте на високи места со надморска височина преку 4000 м. Во цел свет, таа е единствена култивирана билка за исхрана на луѓето која расте на толку голема височина.
Има одлична отпорност на ниски температури и висока отпорност кон УВ зрачење, така што може да се одгледува во сурови предели, според нејзината висока издржливост.
Попоуларноста на маката расте сè повеќе и повеќе, бидејќи ја зголемува целокупната енергија, се добива чувство на благосостојба и ги регулира сите процеси во организмот да функционираат правилно.
Голем број научници ја истражуваат лековитоста на маката, а сите луѓе ја користат како природен извор на здравје. Во маката се содржат 59% карбохидрати, 14% протеини, 9% растителни влакна и 2% масти.
Изобилува со 18 есенцијални аминокиселини како аспартанска, глутаминска киселина, серин, глицин, аргинин, валин, лизин, линолејска, палмитинска, олеинска киселина.. А од витамини се содржат Б1, Б2, Б12, Ц и Е, микро и макро елементи кои лесно се апсорбираат како калциум, калиум, магнезиум, фосфор, цинк, јод, железо и уште 60 фитонутриенти.
Маката има неверојатно лековито дејство благодарение на нутритивните елементи како и единствените компоненти кои се наоѓаат само во ова златно растение, а тоа се 4 алкалоиди наречени макаиди и макаени.
Покрај тоа во составот на маката има и глукозинолати како и стероли како: брасикостерол, ергостерол, каместерол, ситостерол и ергостадиенол. Маката има исклучително нутритивно и лековито дејство.
Историја на употреба на перуанскиот женшен
Коренот на употребата на маката потекнува од пред 10.000 години. Маката ја користеле античките цивилизации, многу години пред Инките, не само за исхрана, туку и за медицински цели.
Тоа била важна состојка во исхраната на луѓето од тоа време, бидејќи има далеку поголема хранлива вредност од другите производи, како резултат на високиот процент на природен шеќер, протеини, масти и есенцијални елементи (јод, железо, калиум, магнезиум, алкалоиди, макаиди и макаени, кои се наоѓаат само кај маката).
Во времето на империјата на Инките, легендите велат дека воините на Инките кон-сумирале големи количини на мака пред да влезат во бит-ка. Тоа ги правело неверојатно силни.
Така, пред 500 години, маката се здобила со репутација на вол-шебно растение кое обезбедува енергија, ја зголемува силата, го подобрува либи-дото и плод-носта, не само кај луѓето, туку и кај животните.
Шпанските освојувачи биле толку фасцинирани и воодушевени од влијанието на маката, што некое време собирале даноци не во злато, туку во оваа златна билка. Во колонијалните записи од пред 200 години може да се најдат податоци за точните набавки на коренот на мака од страна на шпанските власти.
Светското признание за маката било дадено благодарение на научната работа на перуанскиот биолог, д-р Глорија Чакон де Поповиќ, нејзините научни трудови и објавени книги придонесоа за поопширно знаење за лековитоста на маката и ги потикнала другите научници да го истражуваат нејзиното лековито својство.
„Чест ми е што научно ја открив и докажав хранливата и медицинската вредност на овој уникатен вид на мака, растението на Андите што им е познато на нашите предци илјадници години. Искрено се надевам дека златната билка, 100% природен производ, ќе и овозможи на нашата популација подобар квалитет на живот, не само во сегашноста, туку и во иднината.“
Науката докажала дека маката е моќен адаптоген и енергетска билка, што значи дека има способност да го балансира и стабилизира метаболизмот на организмот природно кај мажите и жените. Се користи индивидуално за секоја личност со потреби диктирани од самиот организам.
Пред специфично лекување на одредени симптоми, се користат адаптогени за подобрување на целокупната состојба на телото. Маката ја зголемува општата отпорност кон болести, го нормализира функционирањето на човечкиот организам, го стимулира физичкото и менталното здравје, а истовремено нема контраиндикации.
Како адаптоген, делува на ендокриниот систем. Со стимулирање на хипофизата и хипоталамусот, маката влијае и на сите ендокрини жлезди за да го одржи оптималното ниво на хормони за нормално функционирање на целото тело. Маката е природен и ефикасен регулатор на хормоналната рамнотежа, применлив за двата пола и за сите возрасни групи.
Хормоналната нерамнотежа е болест на модерното време предизвикана од темпото, ст-ресот и условите за живот на современиот човек. Хроничен замор, нер-воза, деп-ресија, воз-немиреност, нарушувања на спиењето, ПМС, недостаток на сек-суална желба, ерек-тилна дисфункција, неп-лодност, б олна мен-струација, менопауза и андропауза, се само некои од симптомите на нарушена работа на нашиот хормонален систем.
Маката влијае на зголемување на енергијата и издржливоста. За разлика од препаратите за кофеин, маката му дава основна и долготрајна енергетска функционалност на организмот.
Поради ваквиот ефект врз нивото на хормоните и кај мажите и кај жените, маката директно влијае на зголемувањето на плод-носта кај двата пола. Маката помага полесно и побрзо да се ублажат и отстранат споменатите состојби кои се последица на секојдневниот живот, исполнети со постојано брзање и ст-рес.
Маката се користи за регулирање на хормоналниот баланс и целокупниот организам, ја зголемува физичката издржливост и енергија, ги отстранува симптомите на хроничен замор и с трес, го регулира ендокриниот систем.
Исто така помага во подобрување на меморијата и менталните способности, ги намалува симптомите на деп-ресија, ги намалува мен-струалните б олки, го зголемува нивото на тест-остерон кај мажите, помага кон намалување на акните, сува кожа и други дерматолошки проблеми поврзани со хормоналниот дисбаланс.
Начин на употреба
Бидејќи маката е диететски производ, се користи во многу поголеми дози од другите лековити растенија и може да се користи неограничен временски период без никакви ризици и штет-ни последици. Златната мака треба да се консумира на дневна основа минимум 2 – 5 г, но дозата може да се зголеми во согласност со индивидуалните потреби.
Една рамна лажичка кафе = 2 г. Важно е да се напомене дека ако земете помалку од препорачаната дневна доза, посакуваните резултати веројатно нема да бидат видливи за краток период.
Најдобро е да се започне со дневна доза од 2 – 3 грама, а потоа да се зголеми, во зависност од индивидуалната реакција на организмот. Маката е диететски производ, а основното правило за употреба е да се консумира редовно на минимална доза од 2 – 5 грама.
Мака со банана и суво грозје – рецепт
Сомелете 100 г мака, по можност свежа, а потоа додајте 50 г суво грозје, лажица мед, сок од половина лимон, 400 г тиква на коцки, една банана и неколку листови нане. Сите состојки добро измешајте ги и изедете веднаш. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска