Првата асоцијација со какаото е вкусниот и пријатно миризлив пијалак. Сепак, ретки се оние кои редовно го користат какаото, но тоа е вистинска ризница на минерали. Маите и Ацтеките, какао дрвото го сметале за свето и целосно ги користеле неговите придобивки.
Какаото содржи повеќе од 300 активни супстанции, како што се фенил етиламин, серотонин, анандамид (придонесува за чувство на радост и среќа), теобромин и допамин кои го стимулираат нервниот систем.
Истражувањата покажуваат дека испитаниците кои пиеле какао со високо ниво на флавонол значително го намалиле кр-вниот притисок и ја подобрувале функцијата на кр-вните садови за 47%.
Истражувањата исто така покажуваат дека какаото е исклучително ефикасно во одржувањето на здрава кожа. Редовната употреба на какаото ја зголемува отпорноста на кожата од штет-ното ултравиолетово зрачење, што го одложува појавувањето на иритација и црвенило, брчки и хиперпигментација.
Исто така при кон-сумирање на какао се стимулира микроциркулацијата, што овозможува подобро снабдување со хранливи материи и кислород, со што се зголемува густината на дермисот – средниот слој на кожата, а тоа пак, дава еластичност и затегнатост.
Исто така ја зголемува хидратацијата и спречува губење на вода. Во секој случај, какаото е одличен извор за одржување на менталното здравје и добро расположение и за разлика од синтетичките лекови, нема несакани ефекти.
Какаовиот прав од кој се прави чоколадото е добиен од семиња што растат во мешунките на дрвото Theobroma Cacao (името значи „храна на боговите“). Плодовите на мешунката се долги околу 20 цм, имаат овална форма, во која има зрна какао.
Какаото расте на дрвја чија просечна висина е 4 – 8 метри и припаѓа на зелените растенија од семејството слезовидни скриеносеменици. Суровите зрна, парчиња или правот од какао, според своите нутриционистички својства, се смета за една од најхранливите намирници во светот и спаѓа во категоријата суперхрана.
По берењето на зрелото овошје и отстранувањето на зрната, тие се покриваат со кора од банана неколку дена. Виолетовите зрна какао се претвораат во чоколадно кафеава боја и почнуваат да испуштаат прекрасен мирис на чоколадо.
Следниот дел е фабричка обработка на зрната додека да се сомелат, а за подготовка на чоколадо се обработуваат дополнително. Тогаш зрното се претвора во течна состојба, а после тоа дополнително се обработува со механички процеси. Последната фаза е мешање на смесата под одредена температура за да се добие соодветна мазност.
Податоците, кои покажуваат дека само 28 грама какао содржи 314% од дневната препорачана доза на железо, се сосем доволни за да се разбере вредноста на ова растение на сликовит начин.
Современата наука вели дека какаото, всушност, содржи скоро 300 различни хемиски состојки и спаѓа во групата на најхранливи растенија. Меѓу другото, научниците докажаа дека какаото е една од храната што е извор број 1 на магнезиум во споредба со која било друга храна. Магнезиумот има позитивен ефект врз мозокот, мускулите, респираторните органи, ги зајакнува кос-ките..
Какаото содржи и триптофан, кој ослободува серотонин во организмот, познат како хормон на среќа и добро расположение, теобромин, кој го зајакнува организмот, ја зголемува концентрацијата и другите интелектуални способности, калиум, кој игра важна улога кога станува збор за регулирање на водата во организмот и отчукувањата на срцето.
Покрај тоа, какаото содржи антиоксиданти со кои телото се бори против слободните радикали, стареењето и ракот. Без разлика дали суровото какао е во зрна, парчиња или во прав, благодарение на неговите хранливи својства, се смета за една од најхранливите намирници во светот.
Неговата вредност во буквална смисла е откриена одамна од племињата Маите и Ацтеките, сметајќи ја за дар од Боговите. Фабриката за какао им била толку вредна што ја користеле како платежно средство. Во овие општества, само богатите пиеле какао, а тоа всушност значело дека пијат “богатство.”
Легендата вели дека ацтечкиот владетел од 16 век особено го сакал какаото што го практикувал да го пие од златни чаши и дека во својот свод наместо злато чувал 960.000.000.000 зрна какао.
Какаото се користи уште од минатото, меѓу другото, како лек за срцеви заболувања. Се користел и како лек против епилепсија, трес-ка, дизентерија, кожни инфекции.
Во денешно време, покрај храната, какаото често се користи во козметичката индустрија.
Какаото е популарна состојка во производите за нега на тело и кремите за лице. Дејствува како одличен омекнувач затоа што ја омекнува сувата кожа, а особено се препорачува при спречување на стрии, зголемувајќи ја еластичноста на кожата.
Тој е идеален за правење мевлеми и креми за ексфолиација. Се користи во кремите за сончање и масла, не затоа што штити од УВ зраци, туку затоа што спречува сушење, но исто така е и малку водоотпорно.
Путерот од какао се топи на телесна температура, брзо се апсорбира, ја храни кожата, омекнува, штити од сушење и делува смирувачки. Бидејќи какаото е растение за кое се потребни посебни услови, убедливо најголем производител на какао во светот е Брегот на Слоновата Коска, кој произведува дури 37% од вкупното светско производство.
Бидејќи какаото содржи теобромин, состојка многу слична на кофеинот, совет е да замените барем една шолја кафе на ден со овој здрав и вкусен пијалак. Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство.
Какаото и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за намалување на кр-вниот притисок. За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди.
Според студиите флавоноидите можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на кр-вните садови и намалување на високиот кр-вен притисок.
Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен у дар
Дополнително, покрај намалувањето на кр-вниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на „лошиот”, ЛДЛ холестерол во кр-вта.
Намалувањето на кр-вниот притисок и подобрувањето на холестеролот, неминовно водат кон подобрено кардиоваскуларно здравје, односно значително намален ризик од срцев и мозочен у дар.
Полифенолите во какаото помагаат и за подобра функција на мозокот
Подобрената циркулација на кр-вта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со к рв и сите нејзините хранливи елементи. Дополнително, флавоноидите можат да ја минат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот.
Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на депресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по консумирање на чоколадо.
Флавоноидите од какаото можат да ги намалат симптомите кај дијабет тип 2
Флавоноидите од какаото можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите и нивната апсорпција во дигестивниот тракт, потоа да го подобрат лачењето на инсулинот, да го намалат воспалението и да го стимулираат „внесувањето” на шеќерот, од кр-вта во мускулните клетки.
Теоброминот и теофилинот од какаото можат да им помогнат на луѓето со астма
Астмата е хронично воспалително заболување кое предизвикува затворање и воспаление на дишните патишта, што во дадени моменти може да биде дури и животозагрозувачки. Теоброминот и теофилинот можат да бидат од помош за оваа состојба.
Теоброминот е слична компонента на кафеинот и може да помогне при хронична кашлица. Какаото содржи околу 2г од оваа супстанца на 100 г. Теофилинот пак, ја помага дилатацијата, односно опуштањето на белите дробови и дишните патишта и го намалува воспалението во нив.
Какао и мед за анемија – рецепт
Потребни состојки: 250 мл вода, 2 лажички какао, 1 лажичка мед.
Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте го какаото и промешајте. Откога ќе се подигне течноста (исто како кафе), прелијте ја во чаша и почекајте малку да се излади. Додајте една лажичка мед во какаото. Консумирајте ја оваа мешавина секој ден за да ја излечите анемијата и да го подобрите железото во кр-вта. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска