Кромидот има силно антибактериско дејство и речиси секој знае за неговите лековити својства. Свежиот сок од кромид помешан со мед лекува бронxитис и воспаление на белите дробови, и многу успешно ги ублажува напaдите од кашлица.
Помага при болка во увото и може дури и да ја снижи телесната температурата ако се нанесе на стапалата. Но, малкумина знаат дека не само свежиот, туку и печениот кромид е многу корисен. За време на термичката обработка, кромидот не ги губи своите корисни својства, напротив!
Кромид испечен во рерна
Сите што патат од густа кpв, односно згpутчување на кpвта, треба да јадат печен кромид секој ден или барем еднаш неделно. Печениот кромид ќе ви помогне да се справите со долготрајните проблеми, особено со болни зглобови.
Потребно е кромидот да го испечете заедно со лушпата и и да го нанесувате како облога на болните места, сè додека да се почувствувате подобро. Печениот кромид може да се користи за лекување на акни.
Топла облога од кромид треба да се чува на проблематичната област во времетраење од 20 минути на ден. Акните ќе иcчезнат многу брзо. Дури и хемороидите може да се излечат благодарение на кромидот печен во рерна.
Облогите од кромид имаат дезинфекциони својства и им помагаат на кожните ткивата побрзо да се обноват. Печен кромид треба почесто да јаде секој што има проблеми со згрутчување на кpвта. После срцев или мозочен yдар, се препорачува да се јаде печен кромид секој ден.
Многу е важно кромидот подготвен на овој начин да им се воведе во редовната исхрана на луѓе кои стpaдаат од дијабетес мелитус или имаат предиспозиција за зголемување на шеќерот во кpвта. Можете да јадете кромид покрај главните јадења, или да го јадете на празен стомак секое утро.
Ефектот се забележува во рок од една недела, сето тоа благодарение на прекрасниот состав на овој зеленчук: сулфурот и железото во печениот кромид помагаат во нормализирање на нивото на гликоза во кpвта и поттикнуваат правилно функционирање на панкреасот и црниот дроб.
Кога јадат печен кромид, состојбата на пациентите со хипертензија и атеросклероза значително се подобрува. Кромидот помага за чистење на кpвните садови, оcлободува од атеросклеротични плаки и спречува ненадејни скокови на кpвниот притисок.
Не е ни чyдо што на многумина им се допаѓа вкусот на печен кромид толку многу во различни јадења! По печењето во рерна, есенцијалните масла едноставно испаруваат од кромидот, што му го даваат специфичен вкус и мирис на свежиот кромид. Но, неговите лековити својства остануваат …
Изберете кромид со средна големина за да направите лековит печен кромид – тој содржи најголемо количество здрави вредности!
Кромид печен во фолија – Ништо послатко не сте јаделе досега…ммм…
Вкусот на вака приготвениот кромид ќе ве остави без текст, навистина мора да пробате. Не само што е многу вкусно, туку е и многу здраво. За секоја пригода и за секакво јадње, печениот кромид е одличен прилог. Не го пропуштајте овој рецепт!
Потребни состојки: 4 главици кромид, 1 лажичка сол, 4 супени лажици маслиново масло, 4 прстофати оригано, 4 прстофати лук во прав, 4 прстофати црн пипер во прав и неколку листови рузмарин
Постапка: главиците кромид излупете ги од надворешната лушпа, но внатрешните кои обично ги фрламе исто така, овојпат оставете ги. Убаво измијте ги со ладна вода и отстранете ја евентуалната нечистотија.
Секоја главица кромид ставете ја на лист алуминиумска фолија врз која сте ставиле и парче хартија за печење. Потоа секоја главица исечете ја на четири делови, но не сечете до крај, оставете ја основата целосна.
Направете уште неколку засеци, кромидот да добие форма на цвет или засечете како сакате. Потоа секоја главица кромид прелијте ја со супена лажица маслиново масло и наросете ја со сол, црн пипер, лук во прав и прстофат оригано. Ставете и малку рузмарин.
Со алуминиумската фолија направете пакетче и секоја главица кромид добро спакувајте ја да не истекуваат соковите при печењето. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Сервирајте како прилог на главното јадење со месо или риба.