Важноста на жалфијата во историјата и нејзините лековити својства се покажуваат со фактот дека нејзиното одгледување било задолжително со закон. Имено, Карло Велики, франкискиот крал, со закон го регулирал одгледувањето на жалфијата.
Кога му биле покажани лековитите својства и значењето за здравјето на жалфијата, што подоцна самиот се убедил откако се опоравил од сериозна болест, им наредил на сите манастири да одледуваат лековити билки, од кои жалфијата ќе биде на прво место.
Лековитите својства на жалфијата биле препознаени уште од средниот век кога станува збор за Европа, иако источната медицина ги препознала лековитите својства на ова растение со векови пред новата ера.
Жалфија (Salvia officinalis) е лековито медитеранско растение кое се одгледува со векови поради своите лековити својства. Лисјата и цветовите се собираат во периодот мај – јули, растението има изразен мирис и вкусот е горчлив – зачински.
Жалфијата лекувала најсериозни болести пред да се развијат антибиотиците, па може да се каже дека таа била единствениот спа с во тие случаи. Била подготвувана и користена на различни начини.
Се користела во свежа и сува форма како и денес, а од неа се правело есенцијално масло, чај, се џвакала свежа за забоболка и воспалени непца, а служела и како преврска на ра-ни и по-вреди добиени за време на бит-ките.
Нејзините исклучителни лековити својства, имајќи предвид дека е една од најсилните природни антибиотици, антимикотици и антисептици, жалфијата се смета за кралица на лековитите билки.
Имајќи предвид дека денешната фармацевтска индустрија е исклучително напредна, сите придобивки од жалфијата максимално се користат. Понапредните истражувања покажуваат дека жалфијата има големо влијание во подобрување на меморијата при сенилна деменција и Алцхајмер.
Дивата жалфија расте на падините на планините и е тешко достапна, сепак таа се одледува и во градините низ целиот свет што е лесно достапна за сите. Тоа што ја прави посебна е нејзиното антибактериско, антимикробно, антисептично и антифугално дејство.
Постои широк спектар на патогени организми што ова растение ги у ништува, па затоа се користи во третман на постојани бактериски, вирусни и габични инфекции на грлото, мочниот меур, цревата, бубрезите итн.
Она што е исто така карактеристично е дека жалфијата не создава резистентност како што е случај со синтетичките антибиотици. Треба да се консумира во умерени дози, доколку е потребно и со совет од лекар. Не се препорачува за бремени жени, доилки и оние кои имаат епилепсија.
Циметот е зачин кој потекнува од дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод.
Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најраширени се околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн.
Луѓето го користеле уште од далечни времиња и тоа не само како зачин, туку и во природната медицина за третирање на најразлични заболувања, од кашлица до артритис.
Специфичниот мирис и вкус на циметот се должи на соединението цинамалдехид. Циметот е богат со антиоксиданти како полифенолите кои заштитуваат од воспаление. Исто така има и антидијабетично дејство така што е одличен да го кон-сумираат дијабетичарите.
Циметот го намалува нивото на глукоза која влегува во кр-вотокот. Тоа го прави преку попречувањето на работата на повеќе дигестивни ензими. Една негова компонента делува на клетките како прикриен инсулин. Ова придонесува кон зголемување на внесената глукоза во клетките.
Циметот може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје. Циметот исто така се поврзува и со намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања, најчестата причина за предвремена см-ртност. Есенцијалното масло на циметот помага при габични инфекции.
Циметот и жалфијата заедно – посилни се од секоја хемија: Овие 3 рецепти треба да си ги запишете
Хипократ уште многу одамна го поставил прашањето: Зошто да у-мре човек во чија градина расте жалфијата? Лекарските ординации се преполни со пациенти за време на вируси и грип, а пред и самите да отидете таму, подобро е да ги испробате овие неколку рецепти од народната медицина кои се користеле со векови наназад.
Жалфијата (Salvia officinalis) е особено корисна за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата. Корисна е за желудечни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на температурата, грозници и б олки во телото кои се јавуваат на почетокот од грип и настинка.
Арапите, како и Кинезите и Римјаните, верувале дека жалфијата е клучот за долг живот. Има антибактериски, антифугални и антивирусни својства. Од друга страна, циметот може да ги у бие повеќето бактерии, па дури и оние кои се отпорни на стандардните антибиотици, а помага и против Ешерихија коли. Само една лажичка цимет, покажале истражувањата, у бива 99,5% од тие бактерии за три дена на собна температура.
Ракија од жалфија – рецепт
Потребни состојки: 250 г жалфија, 1,5 литар ракија (најдобро лозова), 1,5 кг.
Постапка: Околу 250 г лист од жалфија потопете во 1,5 литар ракија, најдобро лозова. Оставете да отстои три седмици, процедете и помешајте со 1,5 кг неутрален мед од багрем.
Прецедете во стаклено шише и оставете да отстои уште три седмици. Повремено протресете, а потоа консумирајте секој ден по една лажица до ракиена чаша.
Тинктура од жалфија за превенција од болести – рецепт
Потребни состојки: 100 мл 70% медицински ал-кохол, 20 г ситни листови жалфија.
Постапка: Во 100 мл 70% медицински ал-кохол ставете 20 г иситнети листови од жалфија. Оставете да отстои на топло место околу еден месец. Процедете и преточете во стаклено шишенце. Консумирајте по 10 -15 капки од тинктурата разредено со малку вода, сок или чај, трипати дневно. Не се препорачува да консумираат бремени жени, доилки и деца.
Жалфија и цимет против бронхитис
Потребни состојки: 2 лажици шеќер, 500 мл млеко, 1 лажичка жалфија, половина лажичка цимет.
Постапка: Растопете две лажици шеќер како карамел, па прелијте ги со половина литар млеко. Кога ќе зоврие, тргнете од оган, додајте лажичка иситнета жалфија и половина лажичка цимет. Оставете да отстои 10 минути, па процедете. Пијте трипати во текот на денот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска