Со користење на диеталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.
Потребни состојки:
6 главици кромид со средна величина
3-4 домати или доматно пире, по вкус
1 мала главица зелка
2 зелени пиперки
500 г целер
1 коцка супа (или 2 петлови супи)
Постапка:
Исечкајте го зеленчукот, додадете вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата додека зеленчукот да омекне.
Во текот на диетата не можете да консумирате брза храна, шеќер, алкохол, леб, газиран пијалак, било каква масна и димена храна.
МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА
Прв ден
Чинија супа и било какво овошје, освен банана. Може да пиете чај, кафе или вода.
Втор ден
Супа и зелен зеленчук (свежо, лиснато или конзервирано). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло.
Трет ден
Супа, овошје и зеленчук, но без компир.
Четврт ден
Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти.
Петти ден
Супа, варено месо и домат.
Шести ден
Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато).
Седми ден
Чинија супа, варен ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден.
Во текот на диетата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.