Сладолед торта со јагоди, готова за десет минути

Неодолива сладолед торта, се прави за миг ама исто така и брзо исчезнува.

Потребни состојки:

1 кг шлаг

1 литар кисела вода

2 павлаки

2 кутии мелени Плазма кекси

2 кутии замзнати малини

Постапка:

1.Прво шлагот изматете го со кисела вода и направената смеса поделете ја на три дела.

2.Еден дел измешајте го со кексот и павлаката и таа смеса обликувајте ја на тацна.

3.Вториот дел измешајте го со малините и ставете го врз направената смеса и третиот дел (шлагот) ставете го најгоре.

Претходна статијаКокос плазма бајадера: готова за дваесет минути, евтина и без печење и миксер
Следна статијаСупа за после прејадување и препивање