Бројни студии покажуваат дека постои јасна врска помеѓу пореметувањето во тироидната жлезда и ракот на дојка, а токму јодот може да биде фактор кој ги поврзува, тврди нутриционистот Тери Лемеронд.
Оваа теза, која е темел на бројни исражувања, ја потврди и статистиката. Денес, една од осум жени во Америка во текот на својот живот заболува од рак на дојка, а пред само 30-тина години, ракот на дојка се дијагностицирал кај една од 20 жени.
Вложувањето е, тврди американски експерт, пред се како резултат на промените во исхраната и фактот дека денес внесуваме помалку јод отколку порано.
Оваа теза се поткрепува и со ште неколку бројки. Така, во Јапонија кои внесуваат многу повеќе јод преку намирниците кои се богати со овој минерал (пред се морски плодови, риба) во значаен помал процент заболуваат и од рак на дојка и од проблеми со тироидната жлезда.
Генетиката е исклучена во овој случај, тврди овој автор, бидејќи која Јапонките емигрираат во Соединетите држави и преминат на “западна” исхрана, процентот кај оние кај кои се дијагностицира рак на дојка и облици за дисфункција на тироидеата драстично расте.
Делотворноста на јодот, не се поврзува само со здрава тироидеа, туку значајно место зазема и неговата превентивна функција кај некои облици на канцер.
Колку јод дневно му е потребен на организмот?
Научните тестови покажуваат дека доколку канцерните клетки на дојката се чувствителни на естроген, а се изложат на поголеми количества јод – го успоруваат својот раст и можноста за делба. И тука не е крајот на добрата статистика за терапија со јод, тврди Лемеронд.
Повикувајќи се на една студија, признатиот американски експерт наведува дека дури 98% од жените до крајот на терапијата со јод биле ослободени од силни болки, а кај 72% од испитаничките било забележано подобрување на ткивото на дојката.
Треба да се спомене дека на организмот му се поребни минимално 150 микрограми јод дневно, но превентивното дејство се постигнува со внесување на поголеми дози.
Опасност од тоа дека ќе внесете премногу јод нема, бидејќи не треба да се заборави дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е 10 пати повеќе од препораките на СЗО.
Сепак, промената во исхраната не е лесно, особено ако се знае дека ниту алгите, ниту морксите плодови не ни се блиски, но треба да се спомене, дека во нашата земја и околината постојат природни минерлани води богати со природно растворен јод.