Колку пати сте слушнале за овие 4 правила кои би требало да ги почитувате ако сакате да сте здрави?
1. Не јадете црвено месо, тоа е канцерогено
2. Јадете само сирова храна
3. Користете Б17 против ракот
4. Вакцините се опасни
Професор др.Зоран Вујчиќ редовен професор на Хемискиот факултет во Белград има свој блог кој го отворил со цел да се разбијат митовите за лековитите препарати, „епохалните“ откритија, сите дилеми во врска со правилната исхрана, „чудотворните“ лекови, здравите и штетните навики. Таму тој се фаќа во костец со сите оние неаргументирани и неточни информации кои со години наназад се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи.
Идејата да пишува на оваа тема ја добил од интеракцијата со неговите студенти кои, како што вели тој, му доаѓале со заблуда дека на пример, жолтиот шеќер е поздрав од белиот, дека млекото со варење може да се претвори во сулфурна киселина, дека петролејот може да излекува рак. Сепак, главна причина бил коњскиот шампон, кој почнал да се продава како чудесен шампон од кој на ќелавите ќе им порасне коса. Неговата сопруга тогаш му рекла дека би морал да напише нешто за луѓето да не им веруваат на тие глупости. Така се родила идејата за неговиот блог, иако, како што вели, фејсбук е уште поефикасен во вистинската борба против разни измамници кои продаваат Б17, петролеј, сомнителни капсули од се и сешто против рак, шеќерна болест и други здравствени проблеми.
Според проф. Д-р.Зоран Вујчиќ, не постои здрава исхрана туку таа може да е само помалку или повеќе нездрава. Како што вели, сите сакаме квалитет, но никој не сака да плати. Кокошката што трча низ двор и клука мора да чини 3 пати повеќе од дегенерираните хибриди чие месо е како да јадете мокра хартија.
Исто тајка, Вујчиќ смета дека сировата храна не е здрава од повеќе причини, пред се, заради манипулациите и транспортот под исклучителбо нехигиенски услови. Замислете, вели тој, кога ќе купите од оние кокосови ореви кои веќе буѓосале на рафтовите од маркетите, или сте купиле зеленчук на кој му се симнува слој по слој доека скапува на тезга. Сега, вели тој, замислете сето то да фи изматиоте и да направите смути кое ќе му го дадете на детето да го испие како здрав напиток. Се знае што може да се јаде сирово (на пример, банани, но никако спанаќ). Со варење многу хранливи состојки стануваат подостапни, а се убиваат и многу патогени бактерии. Месото не е ништо поздраво, ниту понездраво од зеленчукот. Месото е полно со хормони, а антиниотици и можни микотоксини. Зеленчукот е значително побогат со микотоксини, тешки метали, хербициди и пестициди. Токму како што и сме и ние полни со сите тие хемикалии.
Црвеното месо вели тој е штетно доколку е тоа единствена храна. Претерувањето е клучот за генерирање на повеќето проблеми. Месните преработки се индустриска храна полна со адитиви, непотребни додатоци, палмино масло, стабилизатори, згуснувачи, вештачки бои и слично. Секако дека не е се канцерогено, но некои супстанции едноставно се. Еве што им е заедничко на сировиот спанаќ (и на варениот но во помала мерка) и на колбасите, кренвишлите и паштетите – натриум нитрит. Дали е канцероген? Без сомнение. Се е секогаш во дозата, а колку повеќе се внесува, ризикот е се поголем.
Според него, ракот е болест со многу лица. И постојат многу начини на настанување. Од хемиските агенси, на пример, чадот од цигари како збир од цела шума на соединенија, до многуте адитиви во храната и ризичните соединенија во водата и пијалоците. Тука се и онковирусите, пиралените и илјада други ризици. Суштината е во полудените клетки кои се множат без контрола. Значи дека организмот ги изгубил особините за контрола и елиминација. Нема никаква врска со фејсбук хистеријата за базните и киселите намирници. Според него, неосновани се оние режими кои ги вовеуваат некои нутриционистиза регулација на pH тела, свесно мамејќи ги пациентите. Да не ги збаоравиме и наследните фактори, како и пушењето за време на бременоста, вели тој. Што се однесува до препаратите за борба против ракот, др.Вујчиќ вели:
B17 е токсичен гликозид, на кои аптеките заработуваат илјаднци евра. Во суштина, вели тој на својот блог, не е пријавен ниту еден официјален и документиран случај на излекување од рак, па затоа ги измислиле Хунзите и ете ги низ цел свет отровните семки. Би рекол дека има барем 300 милиони Хунзи колку што има и производи на пазарот.
Сода бикарбоната е одлична за смирување на киселините и за чистење на протезите. И не постои фармацевтска сода без алуминиум. Во содата никогаш и го немало. Го имало во некои стари верзии на прашак за пециво но повеќе не. Петролејот пак е гориво за петролејки, отров за луѓето. Еден мој колега блогер пиеше петролеј затоа што беше во терминална фаза на рак. Петролејот му го уништи желудникот и направи непоправлива штета на неговите внатрешни органи. Кој нормален може да даде совет да се пие нафта или бензин. А петролејот е само една фракција на нафтата.
Печурките се добра храна и го зајакнуваат имунитетот. Но нема чудесни печурки. Има само такви кои предизвикуваат смрт или имаат халуциногени ефекти.
Маслото од коноп може да олесни некои тегоби, но не е лек. Не треба да се заборави дека постои и вистинско масло кое се добива од семките на коноп, но тоа е само храна, без физиолошко дејство.
Во однос на суплементите и витамините др. Вујчиќ смета ддека суплементите мора да ги одобри лекар. Имено, според него, витаминот Д и каротените можат да предизвикаат рак ако се внесуваат на сопствена проценка дека на вашиот организам му требаат тие витамини. Не заборавајте, вели тој, дека до пред еден век не се ни знаело за витамини. Дури ни најстарата заблуда дека зголемената доза на витамин Ц ја спречува настинката, не е точна. Но, згодно е да се шират ваки приказни затоа што на тј налин се богатат одредени гранки кои немаат врска ниту со хемијата ниту со фармацијата.
Во однос на дилемите за исхраната пак, доктор Вујчиќ смета на пример дека пржената храна е навистина поштетна и покалорична, но дека доколку повремено ја консумираме, нема да не убие. За маслата вели дека се подеднакво штетни колку што се и корисни. Постојано има разни теории кои напаѓаат или бранат одреден вид на маст или масло. Затоа вели дека најпаметно решение е промената и на видовите на масло и на замената на маслото со свинска маст.
Кокосовото масло е според него најопасно а сега се прокламира како еликсир на младоста. На пример, маслиновото масло не е за пржење, но е за сите останати начини на приготвување на храна, а секако дека е најдобро во салатите. Но никако во голми количини. Нема масло кое е кардиопротективно, па ете уште една заблуда врзана за омегол и маслиново масло. За приказните за штетноста на млекото, месото и јајцата се виновн и агресивнитевегетаријанци – помодари.
Забавно ми е кога ќе тргнат во напад на кравите затоа што го загадуваат воздухот поради продукцијата на метан, а притоа пушат, возат автомобил и јадат зеленчук кој се произведува на нивите кои ги обработуваат мултитонски трактори, „ждерачи“ на нафта. Докторот смета дека проблемот е што со светот владее профитот, а не образованието, квалутетот, знаењето или љубовта. За жал, вели тој, одиме кон дното на цивилизацијата, а денешните генерации кои со своите андроид телефони се претвораат во зомби, ќе се манипулираат уште полесно.
Исто така, докторот ја поддржува вакцинацијата на децата, задолжителна и по препорака на САветската здравствена организација. Вакцините се многу побезбедни од родителите кои пушат во станот во кој живее и детето. Викаат, се караат и ги фрустрираат децата. Според светските истражувања, аутизам не предизвикуваат вакцините. Ако не веруваме во наука, тогаш е време голи и боси да се вратиме во пештерите, да се храниме со корења и со бобинки.
Ајде да видиме како млекото, шќерот, солта, маста, брашното можат да предизвикаат смрт. Ако беше опасна оваа храна, нас ќе не немаше. Што јаделе луѓето? Житарки, месо, маст. Но ако некој постојано ја соли храната ќе му скокне притисокот. Ако постојано јаде мрсно ќе му скокне холестеролот. Како и секогаш, тајната е толку едноставна, што е просто неверојатна. Умереност, разновидност и ако е можно, физичка активност.
Мене, вели тој, повеќе ме плашат оние што јадат сирова храна, оние кои пијат мрсни бадмеови чорбички кои некој погрешно ги нарекол бадемово млеко, одат боси, применуваат урино-терапија, се лекуваат хомеопатски и не ги вакцинираат децата. Ни се насмевнува средниот век.
На човечкото здравје, смета др.Вујовиќ најмногу влијае душевното загадување и сиромаштијата. Кога е богата дравата, и луѓето се поздрави. Потребно ни е духовно и научно издигање.
Миењето на намирниците кои се прскани со разни хемикалии, не помага. Некогаш постоеше верзијата едно јаболко на ден и нема потреба за доктор. Сега сум сигуремн дека е обратно. Едно јаболко дневно (се прска 26 пати во текот на производството) и сигурно ќе морате кај лекарот. Миењето треба да е кратко и овошјето трфеба веднаш да се изеде или зеленчукот веднаш да се обработи. Нашите стари не бкиле толку глупави кога го прскале овошјето со препарати од креч, а овошјето пред обработка го поточпувале во креч. И јаделе варено слатко или пекмез.
Водата најчесто не ги раствора тие соединенија кои се на површината од овошјето и кои се дел од општиот здравствен ризик. Ако производителот не ја почитува дозата, ете ги проблемите. И тука главен виновник е профитот. Многу сорти кои биле отпрони на болести не опстанале затоа што имале значајно помал принос. Здравствената исправност никому не му е важна. Ниту на производителите ниту на консументите. Што мислите, од каде толку болести: Пред се, заради неадекватното хранење. Има ли крај на тоа? Секако. Секако, тоа ќе биде крај на цивилизацијата.
Вели дека и соковниците се тука само заради профит. Имено, најдобро овошје е она кое полека се јаде и се џвака, а обичните соковници се сосема во ред и нема потреба да се фрлаат пари на најнови модели. Иако, вели, најдобро се оние соковници кои ги даваат одвоено сокот и пулпата. Таа пулпа е одличен концентриран извор на влакна. Сокот од јаболки (оние кои се прскани 26 пати) е секогаш одличен.
И на крајот, за комбинирањето на намирниците за кое се зборува, како и за приказната за базни и кисели намирници, доктор Вујчиќ вели дека е мит.
Киселото и базното се ноторни глупости кои ги лансирале публицистите со измислената приказна дека уште во 1934 година научниците го тврделе тоа. Ако pH на крвта се промени за повеќе од 0,1 pH единица (нормална е 7,3-7,4) настануваат сериозни здравствени проблеми. Замислете како човек пие лимонада и веднаш му се менува pH. Кога би било тоа навистина точно, би умрел и побрзо отколку да е во прашање анафилактичка реакција.