Добро утро, еве еден убав рецепт за овошна тортичка која се приготвува набрзина, за помалку од 20 минути, а може да се послужи за секаква пригода. Тортата е одлична и многу убаво изгледа. Брзо и лесно, се топи во уста…пробајте! / Јелена Петровиќ
Потребни состојки: Потребни состојки: 150 г мелени бисквити, 100 г мелени ореви, 100 г растопен путер, 100 г суво грозје потопено во рум, 100 г желе бонбони, 2 лажици млеко или сок, 200 мл слатка павлака, 100 г кисела павлака, 1 кесичка желатин, ореви или чоколадо за декорирање, 500 г јагоди или друго овошје (малини, капини, банани)
Постапка: ставете ги мелените бисквити во подлабок сад, додајте ги оревите, сувото грозје (претходно можете да го натопите во сок и откако ќе набубри да го исцедете) и исечканите желе бонбони. Додајте ги растопениот путер и 2 лажици сок или млеко. Измешајте ја добро смесата додека да се соединат состојките.
Кога ќе се изедначи, истурете ја смесата во помал плех обложен со проѕирна фолија (може во било кој калап, дури и во некоја поголема кутија од сладолед) и притиснете ја со лажица до дното за да ја израмните.
Оставете го плехот да отстои во замрзнувач 30 минути. Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака и соединете ја со киселата павлака. Растворете го желатинот упатството за употреба, потоа растопете го на пареа и полека во тенок млаз додајте го во шлагот додека непрекинато матите.
Внимавајте да не ја изматите павлаката премногу, па да се направат грутки. Распоредете половина центиметар шлаг врз смесата од замрзнувачот и потоа наредете јагоди. Додајте го остатокот од шлагот и израмнете. Одозгора ставете чоколадна глазура или мелени ореви.
Оставете ја тортата да отстои во фрижидер преку ноќ, а следниот ден сечете ја и послужете ја. Доколку ви се брза, оставете ја неколку часови во замрзнувач убаво да се излади, па потоа послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.