Бидејќи сите (се’ уште) не ме познавате, дозволете прво да ви се претставам. Се викам Симона, по занимање сум нутриционистка (или поедноставно –се бавам со советување за исхрана), среќно мажена и моментно чекам бебе и на тоа многу се радувам.
Бидејќи заморот од бременоста и работата ми земаат многу енергија, во последно време немам толку сила и волја да се бавам со спорт. Изгледот на моето тело отсекогаш ми беше многу важен, па затоа навистина ми пречи кога не сум во „форма“, а истовремено сум свесна дека и сите останати жени поради видливи телесни „недостатоци“ се чувствуваат многу лошо.
Веројатно ти е познато дека лошото расположение поради грозна фигура, фармерки кои не можеме да ги закопчаме или пак неквалитетната маскара која поради кутрите трепки не може да направи чудо? Навистина бараме 1001 причина за да се оптеретуваме со изгледот. Но, овојпат нема да говорам за фризурата, фармерките или козметиката. Ќе говорам за еден уште полош (женски) проблем кој сигурно ти е познат.
Прво ќе кажам дека отсекогаш го сакав спортот, особено трчањето, па поради тоа секогаш имав убава и витка фигура на што ми завидуваа сите пријателки. Но и покрај тоа, речиси ниедна од нив не ги слушаше моите совети за исхрана и рекреација.
А тогаш и мене ми се случи тоа – прво ме нападна некоја непозната алергија која ми одзеде многу енергија, шефовите на работа почнаа да ми даваат премногу работа, домашните работи започнаа да ми се трупаат и да ми ја зимаат и она малку енергија што ми останало. Некако уште се поклопи и со депресивното време, па затоа едноставно престанав да се рекреирам.
А потоа започна да се ближи летото кое со себе донесе….
Инаку, јас сум изразено летен тип на човек. Секогаш едвај чекав да дојде потопло време, годишен одмор, море, плажа и она безгрижно чувство. Но никогаш се немав соочено со оној чест женски проблем. А сега ми се случи и тоа на мене.
Се’ повеќе ми пречеше изгледот на мојот задник, а особено во текот на купувањето на костимот за капење. Целулит! Се’ започна од задникот, а потоа стануваше видлив и на колковите.
Кога го пробував костимот за капење во гардероберот, навистина се згрозив. Пред само неколку седмици не ни забележував, додека сега во гардероберот се појави во целата своја величина! Во напад на лошо расположение, се вратив кај продавачката, го оставив костимот и разочарана се вратив дома.
Ох, тој грд целулит
Не знам како ви е вас дами, но мене целулитот ми причини многу лошо расположение и грижи. Размислував дека веќе нема да се осмелам да се сончам на стомак зошто сите ќе гледаат во мојот целулит. Покрај тоа, веќе престанав да носам кратки панталончиња во присуство на мажот, зошто се плашев од неговите коментари.
Секојпат пред огледалото трошев многу време, гледајќи го ова чудовиште. Затоа одлучив брзо да реагирам. На интернет најдов 1001 третман за целулит, а сите статии ветуваа дека целулитот ќе исчезне во рок од неколку денови. Тое е тоа што ми треба – помислив – бидејќи немам многу време а летото е пред врата.
Се присилив повторно на трчање и ја прилагодив исхраната. Целулитот и натаму остануваше па дури и се ширеше. Започнав да ги кријам нозете со долги панталони и сукњи кои никогаш не би ги облекла бидејќи тоа не е мојот стил на облекување. Почнав дури и да се тешам дека со овој проблем порано или подоцна се соочува секоја жена.
Но не се откажав. Користев секакви препарати кои длабоко продираат во кожата, вршат микромасажа на поткожното ткиво а со тоа овозможуваат исхрана на ткивото. Сфатив дека ние жените поради хормоните сме склони кон создавање на целулит и тој е составен дел од нашиот живот, но исто така, дека тој, не мора неопходно да биде присутен, па дури и видлив.
Најлоши се вакуум масажите кои оставаат модринки по нозете и од кои дури и самата на себе ти е срам. Тие се најмалку нешто што можат да помогнат. Делотворни се рачните масажи, но направени само од стручно лице а не од некоја приучена масерка која којзнае дали воопшто има лиценца за да работи во козметички салон.
Пијте многу течности, што подразбира многу вода, свежо цедени сокови, чаеви против целулит. Не исклучувајте ништо. Правете топло-ладни бањи и масажа со мраз (криотерапја) за подобрување на циркулацијата. Ќе забележите огромно подобрување во изгледот на кожата.
И вежбајте. Понекогаш она што ви се чини дека е целулит, всушност не е тоа, туку само висната, олабавена кожа и млитав мускул. Затегнете го тонусот, па ќе бидете задоволни од сопствениот изглед.
И за крај ќе ви кажам да бидете многу упорни. Мене ми требаше долг период за да го постигнам крајниот резултат. Но бев упорна и не се откажав, не се откажувајте ниту вие. Не го измачувајте своето тело со разни изгладнувачки диети, туку хранете се здраво и живејте здраво!